Ракометарот Филип Лазаров прексиноќа се сврши со својата долгогодишна девојка, Билјана Стамболиева.
Двојката ја направила веридбата во еден познат ресторан во родното Свети Николе, од каде што потекнуваат и двајцата, а меѓу гостите на прославата биле и братот на Филип, капитенот на ракометната репрезентација, Кире Лазаров, со сопругата и синот, дел од колегите од ракометниот клуб Вардар”, како и кумот и соиграч Стојанче Стоилов.
Освен што ќе се испроба во улогата на сопруг, Филип наскоро ќе стане и татко, со оглед на тоа што неговата идна сопруга веќе е во шестиот месец од бременоста.
Двојката веќе живее заедно во станот на ракометарот во Скопје, а веднаш по породувањето планираат да направат голема свадба, со која ќе ја крунисаат 10- годишната романса.
Вечер