Климата е излезена од контрола, следат мразеви, суши, тајфуни, поплави


Глобалната временска прогноза за неколку години не е оптимистичка – следат прекумерни мразеви и суши, а тајфуни и поплави ќе има се почесто. Метеоролозите предупредуваат дека климата излегла од рамнотежа. Така во Азија топењето на глечерите носи суша. Сепак, на жителите на северните земји, топењето на мразот може да донесе и одредена корист.

tajfunНа север ќе стане потопло. Експертите истакнуваат дека веќе сега во тундрите растат дрвја од јужните географски ширини! Меѓутоа, затоплувањето на човештвото ќе донесе и голем број непријатности. Глобалната промена на климата може многу да го измени обликот на Земјата.

Некои научници тврдат дека тоа ќе се случи за неколку децении, а други велат дека тоа е процес кој ќе следи за неколку стотици години.

Јасно е само дека глобалното затоплување почна и дека не може да запре. Природната променливост на климата ја одредуваат океански циклуси во периоди од 60 до 70 години. Тоа значи дека следните две децении нема задолжително да биде потопло од претходните, можат дури и да бидат постудени. Меѓутоа, веќе следните децении можат да бидат значително потопли.

Сепак, објаснуваат експертите, тоа не е линеарен пораст на температурата, туку само процес кој се одвива во вид на бранови. Кога температурата ќе се зголеми, се зголемува интензитетот на движењето на воздушната маса. Во однос на тоа, добиваме поголема маса на воздух од север и од југ.

Глобалното затоплување не значи само зголемена температура, туку и зголемување на нивото на океаните. Веќе е неизбежно нивото на водите во просек да се зголеми за 1 метар.

Тоа посебно е опасно по азиските глобални мегаполиси. Исто така е лошо и за малите островски земји, на пример за Малдивските Острови.

Научниците предупредуваат и дека глечерите на Антарктикот растат.

Во соработка со weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1