Клиничкиот центар должи 3 милиони евра за вода – Кој го направил долгот?


Клиничкиот центар должи 3 милони евра за вода. Сметките не биле плаќани повеќе од 35 месеци во период од 10 години. Од ЈП Водовод и канализација за Сител изјавија дека овој долг е без камата и без судски трошоци. Првата тужба ја пуштиле уште во февруари 2010, но ниту таа, ниту наредните не биле плаќани. Не се одлучиле на исклучување за да не се случат компликации кај пациентите.

Подмирувањето на сметките на клиниките во комплексот Мајка Тереза ги врши Службата за општи и заеднички работи. На оваа адреса за подетален одговор упати и Министерот за здравство.

-Подетално можат да ви објаснат од службата за општи работи, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Но директорката на Службата за општи и заеднички работи Шкодране Дарлишта која е на оваа позиција околу 10 години не се јавуваше на службениот број. Не успеавме да добиеме одговор која клиника не давала пари за вода. Таравари кој го обелодени големиот долг рече дека било најдено решение меѓу застапникот на Клиниките и водовод да се плати долгот.

-Разговаравме водата да не ја плаќаат како индустриска, туку како физички лица, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Од друга страна Сител контактираше со неколку директори на клиники кои пак тврдат дека редовно префрлале пари за вода на Службата за заеднички работи. Останува отворено пшрашањето чија е одговорноста за ова недомаќинско работење.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1