Клоци, шлаканици и гризења – Пациентка нападнала лекар и болничар во Делчево (Видео)


Клоци, шлаканици и гризења добиле здравствени работници на дежурство во делчевскиот Здравствен дом. Овој пат личната нетрпеливост која една пациентка ја имала кон дежурната докторка во Итната медицинска служба , прераснала во физичка пресметка при која најдебелиот крај го извлекол болничарот кој сакал да ја заштити докторката од бесот на пациентката, објави телевизија Стар.
brza pomosДокторката се жали дека подолго време трпи лични навреди и закани од пациентката и очекува дека конечно институциите ќе ја заштитат.
На последниот инцидент , освен здравствените работници, сведоци биле и пациентите, а на повикот од лекарите реагирала и полцијата.
Но , овој настан повторно го отвора прашањето за бебзедноста на работното место на здавствените работници, само во ИМП во Делчево се евидентирани 4 напади на дежурни лекари.
За овој инцидент веќе се подготвуваат тужби за нервозната пациентка од страна на нападанатите здравствени работници. Случајот е пријавен и во Лекарската комора. Од полицијата го потврдуваат инцидентот и потенцираат дека работат на негово целосно расветлување по што ќе следуваат и соодветни пријави.
televizijastar

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1