Кој бил Ванчо Михајлов – колаборационист на Хитлер и Павелиќ?


По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1924 година, Тодор Александров бил убиен (31 август 1924) и раководството на ВМРО го презема Иван Михајлов кој се пресмета со своите противници. Во Благоевград Михајлов ги кани главните македонски дејци на левицата на ВМРО и раководителите на Илинденската организација, и со помош на бугарската војска и полиција ликвидирал десетици дејци на Македонската левица, меѓу кои и Арсениј Јовков. Посе тоа ги ликвидира војводите Ѓорѓи Поп Христов и Панчо Михајлов. Го наредува и убиството на Ковачев и Тодор Паница.

Иван Михајлов од официјалната македонска и комунистичката бугарска наука е сметан за најцрната личност во историјата на македонското револуционерно движење. Според комунистите, тој е човекот кој преку ликвидирање на највидните македонски револуционерни дејци, успева раководењето на ВМРО да и го предаде целосно во рацете на бугарската фашистичка клика. Михајлов е заслужен за убиството на десетици македонски и бугарски комунисти за време на таканаречените горноџумајски атентати.

Дејствувал за обединување и независност на Македонија, но како бугарска земја (со бугарско мнозинско население). Независноста на Македонија ја гледал од политички и државни цели, а не од национални потреби на македонскиот народ. На Пиринскиот дел на Македонија гледал како на основно јадро – Пиемонт за обединување на другите делови на Македонија.

Бил приврзаник на поединечен терор, преземал терористички акции за ликвидација на противниците. Во времето на неговото раководење на Организацијата во Пиринскиот дел на Македонија воспоставил, со согласност од бугарската држава, паралелна полуофицијална власт, претворајќи го во своја воена и финансиска база. Дел од собираните средства наменил за материјална помош на сиромашните, со кујни за бесплатни оброци за безимотните, за изградба на училишта, болници, поправка на локални патишта, стипендии за сиромашните ученици и студенти и др. Се ангажирал и за доделување земја и материјална помош на безимотните македонски бегалци.

Применил нова стратегија во борбата на ВМРО: изведување терористички акции и атентати со тн. тројки и петорки. Одржувал блиски односи со Владата на Бугарија, а имал поддршка и материјална помош и од Италија.

Според јавно достапни извори од Централната разузнавачка агенција (CIA) на САД по 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938).[1] За време на Втората светска војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ како негов специјален гостин и соработувал со германските воени служби. По доаѓањето на Германците во Загреб Михајлов се преселува во Виена каде живее како специјален гостин на Нацистите.Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија, Скопје, септември 1944, со задача да формира квислиншка Независна Држава Македонија, но не нашол на поддршка.

Според наодите на CIA од 1953 година Организацијата предводена од Михајлов „нема приврзаници ниту, пак, групи во Македонија, Бугарија и Европа туку само во САД и Канада каде неговото влијание е сѐ уште големо.“ Македонската патриотска организација (од САД) во овој период е одговорна за издржувањето на Михајлов. Извесен Љубен Димитров е одговорен за обезбедувањето на финансии Михајлов. Во овој период МПО обезбедува околу 8000 американски долари годишно (овие средства соодветствуваат на околу 73.000 долари во 2019 година) за Михајлов и дополнително ги покрива неговите трошоци.

Починал во Рим. Автор е на спомени во четири тома и други публикации.

Тој е сметан за бугарофил од официјалната историска наука во Македонија и за деец на бугарското национално-ослободително движење во Бугарија. Иако Михајлов не признавал посебна национална самобитност на населението во Македонија, тој се залагал за назависна и обединета Македонија со главен град Солун.

Во извештајот на CIA од 1953 година се вели „Како заклучок би можел да кажам дека Иван Михалов е гангстер, терорист на кои не може да му верува ниту САД ниту било кој друг; тој управува со ВМРО и со МПО единствено за лична корист.

Ванчо Михајлов го презема челното место на ВМРО по убиството на Тодор Александров, меѓусебните убиства и поделби доживуваат кулминација во времето на Михајлов, целосно ја видоизменува Организацијата и прибегнува кон терористичко делување, станува близок соработник на нацистичките и фашистичките сили во Европа, по војната станува соработник на голем број тајни служби меѓу кои е и југословенската УДБА. Накратко тоа е Ванчо Михајлов, негативна личност за Македонците, вели историчарот Никола Србов

Она што е нејвпечатливо во делото на Ванчо Михајлов, според Србов, е војната која ја започнал внатре помеѓу македонските сили која довела до целосна ликвидација на македонската интелегенција и револуционерните сили на македонскиот народ. Бројките се движат околу 4.000 убиени дејци. Додека неговите претходници се бореле за создавање македонска држава или Македонија на Македонците, Ванчо Михајлов посакувал своја држава како лична своина со која тој ќе владее. Затоа велам дека во прашање е менталниот склоп на личноста. Во државата која ја замислувал Ванчо не постоеле Македонци, не постоел македонски јазик, туку ја замислувал како втора бугарска држава, истото тоа денеска го слушаме од соседна Бугарија која зборува за „еден народ“ и „втора бугарска држава“, истакнува историчарот.Што значи, во трите етапи од неговото делување – пред војната, за време на војната и по војната, тој бил на спротивната страна од македонскиот интерес. И за ова не е потребно никакво толкување, ова го кажуваат документите, истакнува тој.

Историјата веќе се изјаснила кој бил Ванчо Михајлов и тука нема дилема дека станува збор раководител од групата нацифашисти. Бугаризиран Македонец по чија директива се убиени над 4000 Македонци по улиците на Софија и останатите бугарски градови во периодот од 1924 до 1930г. Човек кој работел за националните интереси на Бугарија и јавно велел дека не постои македонска нација, јазик и култура. Михајлов бил директен наследник на првите луѓе на фашизмот, човекот со 7 смртни пресуди, една казна за доживотен затвор, од кои 6 му се изречени од воениот суд во Софија.

-Историјата се има изјаснето за сите тројца. Тие припаѓаат на групата раководители кои биле на страната на нацифашизмот .Го протежирале, учестувале во голем број убиства со што во суштина покажале тоа што се. Иван Михајлов за цело време на војната престојува во вила доделена од Анте Павелиќ, шофер кола. Престојот во Хрватска тој е во контакт со Павелиќ и со Германците. Тие ја поддржуваат таа фашистичка идеја. Она што не успеа да го направи Иван Михајлов е неговото доаѓање на 7 септември 1944 г. испратен од Хитлер да дојде во Македонија да формира независна македонска држава како што беше формирана независна држава Хрватска. Кога доаѓа на 7 септември неколку дена по капитулацијата на Бугарија, се среќава со Чкартов и Ѓузелов и тие му кажуваат касно си дошол комунистите, партизаните ја завршија работата. Нема место за таква македонска држава каква што сакаш ти, и тој се собира и заминува во Италија, вели проф. д-р Тодор Чепреганов.

Вториот спорен момент, според јавноста, е што клубот се наоѓа во улицата „Рузвелтова“ во строгиот центар на Битола за која историчарите и хроничарите на градот велат дека била дел од еврејскиот кварт. Улица во која живееле Евреи кои беа убиени во нацистичкиот логор Треблинка по депортацијата во 1943 година.

Од бугарскиот клуб во Битола велат дека воопшто не знаеле за историјата на оваа улица и при изборот на локацијата се воделе од поволната понуда за закупнина на објектот.

„Клубот посветен на експонент на фашизмот на антимакедонските идеи, е поставен во срцето на еврејското маало. Едноставно несфатлива е иронијата на судбината, еден докажан фашистички соработник, да биде сместен во срцето на еврејското маало, кое згасна со погромот на Евреите извршен од страна на бугарската фашистичка војска. Интересно е да се напомене дека оваа улица за време на бугарската окупација го носела името ‘Бенито Мусолини’. За мене лично е непоимливо да отворите културен клуб со име на човек кој има 7 смртни пресуди, притоа е докажан соработник на фашизмот и најапсурдното е што и воопшто нема никаква допирна точка со културата. Според мене, ова е израз на една тешка провокација и показ на тоа колку во суштина Бугарија, доминира во политичките процеси во Македонија“, вели историчарот Гичевски.

Откако поранешната министерка за правда вчера преку социјалните мрежи тврдеше дека Правда не дала одобрение за основање на здружение со името Ванчо Михајлов, од Централен денеска истото известување го толкуваат поинаку – дека практично министерството се прогласило за ненадлежно, па немале друг избор, освен да го регистрираат Здружението.

„Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност.“ Централен Регистар

Од правда вчера повикувајќи се на законот за Здруженија и фондации, рекоа дека единствено се надлежни за доволи за употреба на зборот „Македонија“, но од Централен потсетуваат дека ова министерството има надлежност и според Законот за трговски друштва..

Се повикуваат на членот 49 во кој се вели дека:

-Согласно член 49 од Законот за трговските друштва – Во фирмата може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

Постојат повеќе основи за реакција на македонската извршна и судска власт по повод пишаните и искажани зборови со кои бугарските политичари флагрантно ги прекршија Уставот и законите во Македонија, демонстрирајќи фашизам на отворена сцена и загрозувајќи ги територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.

Името „Ванчо Михајлов“ е погрешен избор, настанот во Битола е провокација, не бевме таму зашто за нас тоа беше неприфатливо. Името на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ е провокација, но доколку се спречеше бугарската делегација, тоа ќе беше алиби за главниот наратив на Бугарија дека Македонија ги нарушува човекови права на етничките заедници – вели шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Според него, земјава на овој начин излегла победник од целата ситуација, бидејќи официјална Софија сега ќе треба да објасни пред светската јавност зошто присуствувала на отворање на клуб со име на контроверзен лик од историјата. Османи појасни дека отворањето на клубот воопшто не било спорно, а владини претставници би присуствувале, но доколку името било поинакво.

-Ние излеговме победници од ова што се случи, затоа што прво, наративот дека ние не почитуваме човекови права не поминува, второ наративот дека не секоја историја може да се прикаже како заедничка, која што не беше сфатена од некои европски партнери, сега им е јасно за што зборуваме. Нека си се објаснат они зошто им се важни тие ликови или не, ние нема да бидеме дел од алиби на било кој за да си ја спречиме нашата европска иднина.-Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1