Кобен октомври на проклетиот автопат: На местото каде глумецот прегази пешак загина и Тоше Проески


На истото место каде познатиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ доцна синоќа на автопатот А3 во близина на Загреб прегази жена, во истиот период – месец октомври загинаа и нашиот пејач Тоше Проески и актерката Долорес Ламбаша.

Имено минатата година во октомври на истиот автопат во сообраќајна несреќа загина хрватската актерка Ламбаша, а Тоше го загуби животот пред шест години на 16.октомври на истиот автопат.slavonika-autoput-a3-slavonski-brod-wikipedia-1382605239-386139

И во двете сообраќајки жртвите спиеле на совозачкото седиште, кога дошло до страшните судари.

– Жителите кои живеат долж делницата сметаат дека тој пат е проколнат, а за тоа ги обвинуваат подземните води и мрачните сили. Токму на тоа место возачите, наводно, гледале халуцинации и необјасниви појави. Една од страшните случки била во 1978 година, кога возач крај Нова Градишка видел перница со бебе. Нагло закочил и излегол од автомобилот, а перницата со бебето исчезнале, пишува српски Курир.

На таа делница, според возачите, не се необични ниту духовите. Маж со брада кој води коњ запрегнат за кочија е само еден од духовите кои возачите ги среќаваат.

Во седум години од 2006. до 2013. на истата делница во 2.293 несреќи загинале 54 луѓе, а тешко биле повредени 180 луѓе.

Поради зачестените сообраќајни несреќи овој автопат во медиумите често е нарекуват и „проклет“ и до сега однесе голем број на животи.

Проколнат пат: Местото на кое загинаа Долорес и Тоше опседнато од духови?!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1