Кобра скокна надвор од торбата и направи хаос во авионот – морал принудно да слета


Во авион на Египт Аир избувна комплетен хаос кога од торба на еден јорданец искокнала змија кобра. Таа го гризнала за раката прво сопственикот, а потоа хаотично почнала да ползи под седиштата на другите 90 патници. Ова предизвика вистински хаос, патниците врискаа, скокаа на седиштата, плачеа, немаше шанса да се смири ситуацијата додека влекачот беше во авионот, изјавила стујардеса на летот.

Пилот морал принудно да го приземји авионот во истиот миг.  Поради нарушување и можна опасност, пилотот немал друг избор освен да се поврзе со контролата на воздушниот сообраќај да слета некаде итно. Најблиската писта која беше слободена е на Хургада, град на Црвеното Море.

инцидентот се случил на летот за Кувајт. Змијата која скокнала надвор од багажот била во сопственост на 48-годишниот Јорданец кој сакал да ја прошверцува во својот ранец. се работи за огромна и опасна египетската кобра, чиј отров може да биде смртоносен.  По укажаната помош на Јорданцот тој инсистирал да го продожи патувањето со неговата змија, но локалната полиција му ја одзема поради безбедноста на патниците.

Според извештајот, Јорданецот и е познат на полицијата по шверц на влекачи од Кувајт.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1