Кога полицијата може да врши претрес на возило и багаж


Од страна на полицискиот службеник се врши сопирање, легитимирање, преглед, односно претрес на лице, превозно средство и багаж кој лицето го носи со себе, кога тоа е неопходно заради пронаоѓање на предмети за напад или само повредување или кога постојат основи на сомневање дека кај нив ќе се пронајдат предмети кои потекнуваат од кривично дело или прекршок, траги на кривично дело или прекршок или предмети што можат да послужат во кривична или прекршочна постапка.policija soobrakjajna kontrola 2 mk

При сопирање полицискиот службеник ги врши потребните дејствија во време кое е нужно и неопходно за завршување на проверките. Полицискиот службеник врши преглед на лице со увид и проверка на облеката и обувките.

Полицискиот службеник врши преглед на превозни средства со визуелна проверка на сите отворени и затворени простори и места во превозното средство и багажот кој се превезува

Полицискиот службеник не врши преглед на лице кое ужива дипломатски, односно конзуларен имунитет и имунитет согласно Уставот на Република Македонија.

Преглед на превозно средство и багаж

Пред отпочнувањето на вршењето на преглед на превозно средство и багаж, полицискиот службеник го повикува лицето кое го управува превозното средство да овозможи увид во одделни негови делови или во багажот кој го носи, заради откривање на предмети кои би ја загрозиле безбедноста, на предмети со кои се сторени кривични дела или за лица за кои е распишана потерница, при што лицето кое го управува превозното средство присуствува на прегледот, а патниците од превозното средство кое се прегледува може да бидат оддалечени заедно со багажот или без него.

aerodrom kufer patnik

При извршувањето на преглед на превозно средство, полицискиот службеник ги прегледува сите места каде постои можност да се пронајдат предмети и траги кои се во врска со сторено кривично дело или со негов сторител. За вршење на преглед односно претрес на превозни средства полицискиот службеник може да користи соодветни технички средства или службено куче, а по потреба превозното средство се одвезува во механичарска работилница или се бара помош од стручно лице.

Полицискиот службеник секогаш присуствува при вршење на прегледот односно претресот на превозно средство во случај кога истото се одвезува во механичарска работилница или се бара помош од стручно лице за вршење на прегледот.

Изготвувување записник

За секој извршен преглед на лице, превозно средство или багаж, полицискиот службеник изготвува записник кој содржи податоци за: назив на организациската единица, број, датум и место на издавање на записникот; лицето кое е прегледано (име, татково име и презиме; датум, место и држава на раѓање; единствен матичен број на граѓанинот; адреса на живеалиште, односно престојувалиште); превозното средство (вид, тип, марка и ознаките на регистарските таблици) и лицето кое го управувало превозното средство (име, татково име и презиме, датум и место на раѓање, единствен матичен број на граѓанинот, адреса на живеалиште односно престојувалиште); сопственикот на багажот (име, татково име и презиме, датум и место на раѓање, единствен матичен број на граѓанинот, адреса на живеалиште односно престојувалиште); фактичката состојба утврдена при вршењето на прегледот на лицето, превозното средство и багажот; полицискиот службеник кој го презел дејствието (име, презиме и назив на организациска единица); време и причини поради кои е преземено дејствието и место за потпис на полицискиот службеник.

Во случај кога при вршење на прегледот се утврди потреба од извршување на претрес на лице, возило или багаж, а постои опасност од одлагање, од страна на полицискиот службеник се поднесува и усно барање за издавање на наредба за претрес до судијата на претходна постапка по телефон, радиоврска или преку друго средство за електронска комуникација.Во случај кога записникот нема да го потпишат субјектите, полицискиот службеник дополнително, во писмена форма ја објаснува причината за нивното постапување.

–ПРАВДИКО–

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1