Анкета во која учествувале околу 100 илјади луѓе, ги открила навиките на луѓето кои започнуваат врска.
Во просек најголем дел од луѓето се впуштаат во прв секс со новиот партнер после само четири состаноци, првиот бакнеж се случува по второто видување, а изјавувањето на љубов дури после 14 средби.Основачот на онлајн сервисот кој и ја направил анкетата Брендон Вејд советува дека никогаш не треба да се изјавува љубов на првиот состанок бидејќи тоа може да го исплаши идниот партнер.
Откриено е и дека испитаниците со новиот партнер се гледаат во просек два пати во неделата. Во секс паровите се впуштаат главно после две недели или после четвртиот состанок
Ова истражување покажало дека повеќето луѓе го запознаваат својот партнер со пријателите после три недели или шест средби, а со родителите за двојно повеќе време, односно после 12 средби или шест недели.
Интересен е податокот дека потребни се 60 видувања или 30 недели партнерите да донесат одлука за заеднички живот.