Светот е потресен од уништувањето на катедралата Нотр Дам во Париз која е дел од светското културно наследство. Оваа позната црква датира од 11 век и е во готски стил. Сепак и на Балканот има храмови кои се постари и поубави од оваа црква но за кои малку се знае. Пресинг тв објавува текст и фотографии од некои од нив .

Еве неколку од нив.

Св. Софија во Охрид

Најзначајна знаменитост во Македонија

Датира од 9 век и е посветена е на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија. Оваа црква представува еден од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески.Таа е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија.

Црква Свети Петнаесет тивериополски маченици во Струмица

потекнува од 9 век

Потекнува од 9 век, посветена на Петнаесетте маченици. Основни податоци за делата на Светите Петнаесет маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски.

Во дворот на црквата имало пораснато дрво над гробовите на мачениците. Локалното население го почитувало тоа дрво како свето. За време на Османлиското ропство кога сакале да го пресечат дрвото луѓето ги снашла голема несреќа.

Црква Св. Софија во Бугарија

Градот Софија го добил името по црквата

Потекнува од 4 век. Оваа црква е една од најстарите во градот изградена во 4 век. Во 14 век, по самата црква било именувано и името на градот Софија. Во време на Османлиската империја била претворена во џамија.Црквата е изградена врз темелите на неколку стари цркви од времето на римскиот град Сердика.

Црквата ја чувааат војници на КФОР

Црква на Богородица Љевишка во Призрен-Косово

Богородица Љевишка во Призрен од 9 век

Овој храм на српската православна црква е посветен на Богородица Љевишка. Се наоѓа во Призрен и е седиште на призренската епископија. Изградена е во 10 век како базилика во стилот на византиската архитектура и е посветена на Успението на Пресвета Богородица.Овој храм сега е под големо обезбедување на војниците на КФОР по војната во Косово.

извор/превземено  – pressingtv.mk