Во овој краток анимиран филм, објавен од UN агенцијата за бегалците, на доста едноставен начин се објаснети причините за бегалската криза којашто се случува во изминатиов период: од политичките причини за оваа ситуација, па се` до почетоците на големата миграција, и на крајот, точниот број на бегалците кои ги прифатија земјите.
Она што е најважно, филмот објаснува што би се случило доколку сите раселени луѓе одлучат да се преселат во Европа, што би значело тоа за европската економија, како и за социјалната и религиозната структура на европското население.
Fakulteti.mk