Се проширува штрајкот со глад во затворите низ државава


Затворениците во затворот Идризово јавно од претседателот на Собранието, Трајко Велјановски бараат спроведување на законот за амнестија. Во писмото од затворениците кое ги обезбеди Алсат М, се вели дека причината поради која затворениците бараат амнестија се ужасните услови.

Кон барањето се приклучија и затвореничките од женското крило каде исто така има штрајк со глад. Од кабинетот на спикерот Велјановски не беа достапни за коментир во врска со барањето на затворениците. Алсат М обезбеди снимки од затворот во Идризово. На аматерските снимки се гледаат условите на затворениците во ова казнена установа.zatvor kuman2

Пред некој ден и самото раководство на затворот во Идризово призна дека во установата има несоодветни услови. Капацитетот на затворот е за 900 лица, а моментално казна отслужуваат повеќе од 1900 лица. Од вчера, освен во затворите во Штип, Струмица, Прилеп и Гевгелија, штрајк со глад почнаа и затворениците во Куманово и Тетово. Во моментот само затворениците во Струга и Битола не ја одбиваат храната.

За да им се помогне на затворениците, покрената е граѓанска иницијатива за измени на законот за амнестија. За во понеделник е најавен протест пред Собранието со почеток од 12 до 14 часот, каде за поддршка на затворениците се поканети нивните роднини и граѓани кои сакаат да се солидаризираат со нивните барања. Штрајкот со глад нема да прекине се додека затворениците не добијат позитивен одговор од претседателот на Собранието, Трајко Велјановски. Во случај на негативен одговор, затворениците најавуваат радикализација на протестот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1