НОВА АТРАКЦИЈА ВО ЗОО: Морски лавови и мал фламинго (ФОТО)


Со изградбата на новото живеалиште за морските лавови и мал фламинго се обезбедуваат соодветни услови за животните, кои во голема мерка одговараат и се приближни на условите за живот во нивната природна средина.

ZOO FOKI2

Foto – Kurir.mk

Живеалиштето на морските лавови и мал фламинго е лоцирано на југоисточниот дел во зоолошката градина. Базенот со вода, како основен дел од живеалиштето е со зафатнина од 450 м3. За квалитет на водата е воспоставен циркулационен круг низ регулациона шахта, пумпна станица за нечиста вода, пречистителна станица за отпадни води, резервоар за пречистена вода, самоиспирачки автоматски филтер, циркулациони пупми, УВ стерилизатор за дезинфекција на водата, дозатор на сол и др …

Овој проект е финансиран со средства од ЈУ “Зоолошка градина Скопје”, како и од донации од Државна лотарија на Македонија и Агенцијата за електронски комуникации. Хортикултурното уредување на просторот околу живеалиштето е уредено од страна на ЈП “Улици и Патишта”, ЈП “Паркови и Зеленило”, ЈП “Комуналана хигиена”, како и компанијата АДИНГ.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Изведувач на објектот е МГИ ИНВЕСТ ЛТД ДОО Скопје, а вкупната инвестиција за изградбата на овие живеалишта изнесува 6.358.082 денари.

Покрај новите живеалишта, денеска во Зоолошката градина беше промовиран и новиот мултифункционален едукативен центар на Зоолошката градина, кое всушност претставува адаптација и надградба на старото живеалиште на нилскиот коњ.

Израдбата на мултуфункциски објект во Зоолошката градина е финансирана од сопствени средства на ЈУ “Зоолошка Градина Скопје”, за што се издвоени 5.747.847 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1