Кои се и како се збогатиле 90 мултимилионери во една сиромашна држава!?


Како што пренесува “Независне новине”, Габран појаснил дека лесно е да се заклучи од каде се овие богатства, односно дека само на нелегален начин може да се дојде до толку голема цифра. Имињата на супербогаташите се тајна, како што не е познат ниту начинот на кој го стекнале енормното богатство во Босна.

Stacks_of_moneyИ покрај тоа што Босна и Херцеговина се соочува со најдлабоката економска и општествена криза во последните 12 месеци, државата доби пет нови мултимилионери, чие богатство се проценува на повеќе од 30 милиони долари, пишува “Независне новине”.
-Во БиХ живеат 90 мултимилионери, што претставува раст за пет лица или 5,9 проценти во однос на 2012 година. Капиталот со кој располагаат се проценува на околу девет милијарди долари – вели Фаузи Ахмад, директор за комуникации во сингапурското седиште на компанијата “Велт икс”, којашто е специјализирана за собирање информации за супербогаташите во целиот свет.

Весникот наведува дека имињата на супербогаташите се тајна, како што не е познат ниту начинот на кој го стекнале енормното богатство во време кога голем дел од населението во државата се бори за егзистенција.

Економскиот аналитичар Игор Габран за весникот вели дека не е чудно што одредени луѓе поради ваквата состојба во БиХ екстремно се збогатуваат. Тој изавил оти за држава како БиХ тоа било типично, бидејќи таа има полудемократски и недемократски систем. Истакнал дека екстремно богати има се повеќе, како што има и екстремно сиромашни, а средната класа се губи. Како што пренесува Независне новине”, Габран појаснил дека лесно е да се заклучи од каде се овие богатства, односно дека само на нелегален начин може да се дојде до толку голема цифра. Тој смета дека меѓу тие 90 мултимилионери во БиХ најмалобројни се оние кои се занимаваат со производство и создавање нови вредности.

Есад Бајтал, социолог од Сараево, вели дека новите податоци не се шокантни.
– Ако имаме 85-мина кои можеле да дојдат до девет милијарди долари, тогаш не е ништо чудно што нови пет се збогатиле во месеци кога народот вреви. Овие петмина веројатно се збогатиле на полесен начин, бидејќи ниту за оние 85-мина не знаеме кои се, од каде и на кој начин дошле до толкаво богатство – оцени Бајтал, додавајќи дека тие луѓе најверојатно се занимаваат со нешто илегално.

Инаку, во БиХ во 2013 година бројот на супербогаташи во споредба со 2012 се зголеми од 65 на 85 лица, а вкупниот имот од осум на девет милијарди долари, со што е на чекор до Србија, која во моментов има 100 супербогаташи и го зазема 29. место во Европа, пишува весникот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1