Кои се обвинетите за настаните во кумановско „Диво насеље“?


Продолжува судењето за 29-мината обвинети за кумановските настани. Обвинителот посочи дека ќе докаже дека обвинетите учествувале и во нападите во кумановско „Диво насеље“ и во полициската станица Гошинце. Кои се обвинетите?

Од невработени, до полицајци, воени ветерани, багерист, новинар, фотограф, психолози и правници е профилот на обвинетите.divo naselje obvineti2

Од 29 обвинети за нападот на полицијата во Куманово во мај 2015 година кога беа убиени 8 полицајци, само неколкумина се со основно образование и невработени, додека другите имаат завршено средно или високо образование и биле вработени во приватни компании или државни институции до денот на нивното апсење.

Судот во Скопје ги прашуваше сите обвинети што работат, какво образование имаат завршено, дали се женети и дали имаат деца.

Сите обвинети се мажи. Обвинителството ги гони за „тероризам и за терористичка организација“ за што им се заканува затвор од најмалку 8 и 10 години затвор, па до доживотен затвор.

На првото судење, сите 29 обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата за кои ги обвинува Јавното обвинителство. Дел од нив тврдеа дека никогаш не биле во Гошинце и во Куманово. Малкумина од нив признаа дека биле припадници на групата, но тврдеа дека не ја нападнале полицијата.

Сепак, интересни се нивните професии, работата, семејствата.

Првообвинетиот Сами Укшини е од Ѓаковица, Косово. Има 49 години. Завршил средно образование, работел во приватна фирма, оженет е и има 10-годишно дете.

Анди Красниќи, алијас Командант Малишева, чие име претходно било Мухамед Красниќи, е од Приштина, има 46 години, завршил средно образование, сега е невработен, татко е на 6 деца, од кои 2 се малолетни. На прашањето на судот дали се чувствува виновен, одговори: „Апсолутно, не“.divo naselje obvineti

Деме Шеху е роден 1980 година. Живее во село Јуник, на Косово. Рече дека има завршено факултет – Психологија, како и трет степен дипломатија. Женет е и има 2 малолетни деца.

Ќенан Исени од селото Отља, Кумановско, има 51 година. Тој завршил основно образование и работел на регулација на водите во општината. Татко е на 2 полнолетни деца. Рече дека никогаш не бил во Гошинце и во Куманово, како што пишува во обвинението.

Фадиљ Фејзулаху од Куманово, 45-годишен, невработен, со завршено основно образование, има 4 деца, од кои само едно е полнолетно.

Ирфан Љутвиу е роден 1981 година. Живее во Куманово, на улицата во кој се случи нападот од терористичката група врз полицијата. Има завршено основно образование, работел како фризер, оженет е и татко на 2 малолетни деца.

Фадил Елшани од Сува Река, Косово, невработен, на возраст од 41 година имал завршено средно образование, женет е и татко на 4 малолетни деца.

31-годишниот Есат Кафеџоли од Малишева, Косово, му објасни на судот дека има завршено Високо образование, сега е невработен, разбрал за што го обвинуваат, но тврди дека не е виновен. Не е женет и нема деца.

Обвинетиот Ардијан Бујари од Сува Река, Косово, има 41 година, завршил средно образование, вработен е во приватна фирма, женет е и има 2 малолетни деца.teroristi predavanje1-500

Шефќет Халачи (35) од Призрен, Косово, завршил основно образование, не е вработен, женет е и има 3 деца.

Лирим Демири од Липково, Кумановско, е најмлад во групата обвинета за тероризам. Роден е 1992 година. Има завршено основно образование, не е вработен, не е женет и нема деца.

42-годишниот Хајруш Авдија е од косовската општина Малишево. Завршил основно образование, работел како автомеханичар, а како што објасни во судницата, во Германија добил и диплома за градежништво. Женет е и има 3 деца, од кои 2 полнолетни.

Бетим Кабаши (24) е од Призрен. Завршил средно економско образование, не е вработен, не е женет и нема деца. Рече дека не е виновен за напад врз македонската полиција како што пишува во обвинението.

Генци Сефа (43) е од Лушње, Албанија, и живее во Урошевац. Завршил Воена академија во Тирана и Правен факултет, отсек криминалистика, во Приштина. Сега е пензионер, воен инвалид. Женет е, има едно малолетно дете.

„Жалам за настанот од мај, не негирам дека сум дел од групата, но не сум виновен за тероризам за што ме обвинуваат“, наведе Сефа во судницата.

Ландрит Рустемај од Ѓаковица Косово, на возраст од 25 години, завршил средно образование, не е вработен, не е женет. И тој пред судот рече дека не се чувствува виновен.makedonski-teroristi-5-670x4881-620x350

Енвер Хоџа Клајн (45), викан Џиџи, роден е во Крефелд СР Германија, а по потекло е од Косово (германски државјанин). Рече дека е новинар, а во Германија работел и како преведувач во полицијата за странци. Женет е и има 2 деца.

Руфки Догани од Скопје, кој сега живее во Качаник, завршил основно образование, бил вработен во приватна фирма, женет е и има 3 деца. Со завршено основно образование и невработен е и обвинетиот Насуф Бекири, 28-годишен, од селото Брест. Тој сега живее во Арачиново. Рече дека знае за што е обвинет, но не се чувствува виновен.

Мирсад Керими (30) од Сува Река, Косово, завршил факултет за компјутери и информатика, не е женет. Вели дека не се чувствува виновен.

Не разбрав за што ме обвинуваат. Се спомнува тероризам. Мислам дека со ова обвинение, некој сака да ја покрие вистината со правдата, рече Керими.

Валдет Зекај (38) од Пеќ, Косово, вели дека работи како фотограф. Женет е и имал 7 деца, сите малолетни.

На листата на обвинети е и Бајрам Елшани од Сува Река (роден 1977 година). Има завршено основно образование, не е женет и нема деца. И тој вели дека не се чувствува виновен.

Неџбедин Љика од Тетово завршил Факултет за физичка култура. Има 37 години. Привремено живее во Призрен. Не е вработен, женет е и има 2 малолетни деца.teroristi_predavanje

Лирим Красничи (27) e од Урошевац, a живее во Германија. Завршил средно образование, а работи како багерист (возач на багер). Женет е и има 1 малолетно дете. Севдаиљ Мифтари по потекло е од кумановското село Черкези, со привремен престој во Витина, Косово, невработен е, со завршено основно образование. Има 31 година, женет е и има 6 малолетни деца.

Фатмир Речица, 30-годишен жител на Липљан, Косово, студира на Правен факултет. Оженет е и има 3 деца. Бек Бајра (37 години) од Гњилане, Косово, на крај е со студиите на Факултетот за физичка култура. Невработен е, не е женет и нема деца.

Фејзула Рушитовски од село Брест е 27-от на листата обвинети. Има 26 години, завршил основно образование, не е вработен, женет е и има 2 деца.

Бесник Ајдини од Куманово (46 години) имал завршено основно образование, повремено работел приватно, женет е и има 4 малолетни деца.

Последен на листата на обвинети е Арсим Бајрами од Ваксинце, Кумановско. Има 33 години, завршил Факултет за јавна администрација на државниот тетовски универзитет и бил вработен како полицаец во МВР. Женет е и има 2 малолетни деца.

Адвокатот Шазивар Исеини, на почетокот од судскиот процес остро го нападна обвинението, наведувајќи дека Овинителството не ја завршило истрагата, не ги испрашало обвинетите и на тој начин сакале да ја прикријат вистината.

Најголем број од обвинетите, косовски државјани, ѝ се предадоа на полицијата по целодневното пукање на 9 мај 2015 година, а македонските државјани, како нивна логистика, беа уапсени дополнително.

Во нападот во Куманово загинаа 8 македонски полицајци и 10 припадници на вооружената група.

Netpress.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1