Кои зачини лечат?


Иако зачините ги гледаме како споредна работа која само и го подобрува вкусот на храната, сепак дел од нив навистина се лек.

Порталот ,,За здравје,, пишува за дел од зачините кои навистина имаат лековити својства. Ви пренесуваме дел.

Цимет

Делува превентивно против кардиоваскуларни заболувања и против дијабетес. Според најновите истражувања направени од американските научници, циметот може да го снижи нивото на шеќер за 20 %. Освен тоа, циметот може да ги уништи габичните инфекции или да го спречи нивниот раст.

Ловоров лист

Одличен антисептик, ги лекува проблемите со желудникот и ја потикнува правилната дигестија.

Ловоровиот лист е препорачлив во месната исхрана бидејќи содржи ензими кои ќе го подобрат варењето.

Чили

Ја подобрува циркулацијата, делува стимулативно на организамот, го намалува крвниот притисок, го намалува холестеролот и одличен е за луѓе кои планираат да ослабнат некој килограм.

Бибер

Ја подобрува дигестијата, а според многу истражувања ги уништува бактериите во храната кои можат да предизвикаат труење.Одличен е за луѓе кои патат од ревматски заболувања, има бактерицидно дејство, а го штити и видот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1