Кој е кој на листата на најбогати на сите времиња


 

Мртов африкански крал и змеј, на прв поглед немаат ништо заедничко. Сепак, тоа што ги поврзува е фактот дека се најбогатите меѓу сите богаташи на сите времиња.


Кралот Манса Муса кој владеел со Западна Африка во 14. век е најбогатиот човек на сите времиња. Неговото богатство се проценува на неверојатни 400 милијарди долари. Ако прашувате како еден човек од денешна Гана може да има толкаво богатство, одговорот е во историјата.

Во 1331 година, кралството на Манса Муса ги произведувало половина од вкупните светски залихи на сол и злато.

Втори на листата за најбогати луѓе на сите времиња се семејството Ротшилд, чиј вкупен имот денеска се проценува на 350 милијарди долари.

Ако не сте слушнале за нив, тие се една од најмоќните фамилии во светот за која се верува дека и ден-денес го контролираат политичко-економскиот банкарски сектор.

Парите на семејството се вливале од повеќе патишта, меѓу кои и рударство, банкарство, земјоделство, винарство и останати трговски гранки.

Листата од три најбогати луѓе на сите времиња ја заокружува и најбогатиот американец во целата историја. Спојлер, не е Бил Гејтс. Џон Рокфелер, во моментот на врвот на неговиот бизнис имал 340 милијарди долари. Основачот на “Standard Oil Company” , своето богатство го обезбедил преку нафтениот монопол кој го контролирал во САД. Сепак на крајот владата на САД ја раделила компанијата на неколку помали компании кои сеуште се борат за превласт на пазарот.

 

Во листата на најбогати луѓе влегуваат и  Ендру Кренги, царит Николај Втори, Моарем Гадафи, и Хенри Форд. Бил Гејтс се наоѓа на 12тото место, додека најбогатиот човек на светот, Карлос Слим е на 22то место.


На листата на најбогати фикционални ликови, работите се посмирени, а сумите се многу пониски. На листата води Смауг, змејот анти-херој од толкиновата книга „Хобит“ , чије богатство е 62 милијарди долари.

Вториот лик на листата е право изненадување и тоа од две причини, првата бидејќи е помалку познат анти-херој, а втората е дека неговиот лут ривал не е ни меѓу првите 15 најбогати ликови. Се работи за Flintheart Glomgold, анти-херојот од стриповите и цртаните за Scrooge McDuck, кај нас попознат како Вујко Баја. Неговото богатство се проценува на 51,9 милијарди долари.

Последниот од големата тројка ја затвара Карлајл Кулен од популарната тинејџерска сага „ Самрак“, со богатство од 36,3 милијарди долари, богатство створено од инвестиции и добри берзански потези.
Листата од 15 најбогати ја дополнуваат и Тони Старк/Ironman(9,3 милијарди), Брус Вејн/Batman(6,9 милијарди), Ричи Рич(8,9), Чарлс Фостер Кејн(8,3), Форест Гамп(5,7), Г-дин Монополи(2,5),Тајвин Ланистер(2,1).

 

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1