Кој е крив за неуспехот? – Заев: Се испрати решителна порака до забеганата власт


Искористивме прекрасна демократска алатка. Го одржавме и подигнавме активизмот и капацитетноста. Изградивме прекрасни партнерства и соработки со граѓанските активисти на цели кои може да бидат заеднички, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот профил на Фејсбук по соопштувањето на резултатите од референдумот.g_zaev slika za web

„Во услови на референдум кога со самиот чин на излегување на гласање се испраќа пораката на решителност да се спротивставиш на забеганата власт, а при Избирачки список во кој повеќе од 25 отсто гласачи практично не се на адресите кои се водат на Избирачкиот список, мислам дека успехот е повеќе од добар. Така што досега само критичен осврт видов од борци против режимот“, напиша Заев.

Тој порача: „Немојте да бидете храбри борци при првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех… веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен… нема овде виновни. Комплименти за сите што гласаа и сите што се вклучија да го помогнат и поддржат референдумот“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1