Референдумот за ГТЦ не успеа


Референдумот за ГТЦ не ја доби потребната излезност на гласачите во општина Центар. Според набљудувачката асоцијација МОСТ, меѓу 40 и 41 процент од запишаните гласачи излегоа да се изјаснат  на референдумот.izbori glasanje

Огромен процент од излезените го дале гласот за зачувување на автентичниот изглед на градскиот трговски центар.

Според МОСТ, кампањата за референдумот беше позитивна, референдумскиот ден помина мирно, без поголеми инциденти. Фактот што избирачкиот список се уште не е проверен и прочистен, како и податокот дека во Општина Центар постојат адреси на кои се регистрирани по неколку десетици избирачи, според МОСт може да остави одредени ниво на сомнеж во резултатите за одзивот на граѓаните.

Според невладината организација Цивил, која исто така ги набљудуваше изборите, денешниот ден има сериозни недостатоци и нерегуларности.

Оние чие гласачко право еповредено, вели дерала имаат 24 часа да поднесат приговор до општинската изборна комисија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1