Кој е полицаецот што одби мито од 1000 евра на автопатот Гевгелија – Скопје


Турски државјанин е обвинет за давање поткуп на македонски полицајци, откако во неделата бил фатен со фалсификувани бугарски лични документи.

О.Е. (40) е осомничен за сторено кривично дело “давање поткуп” за што од судот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

mito polic

Според полициската евиденција, О.Е. бил уапсен во неделата по 4 часот утрото на автопатот Е 75 на релација Гевгелија – Скопје кога полицијата го сопрела автомобилот со полски регистерски ознаки што го управувал тој. При прегледот му биле пронајдени фалсификувани бугарска лична карта и возачка дозвола со фотографија на пријавениот, а издадени на друго име.

Тогаш Турчинот на полицискиот службеник му дал 1.000 евра да не постапува службено, односно да не го приведе и да му овозможи да продолжи кон Скопје.

Полицаецот на паднал на искушението и го провел Турчинот. Од МВР не го откриваат идентитетот на македонскиот полициски службеник.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1