Кој е следниот: Од учество во реално шоу директно во црна хроника! (ФОТО)


Учесниците во популарните реални шоуа како да ги следи некое проклетство. Црната статистика вели дека речиси да нема реално шоу по чие завршување на некој од учесниците на му се случила некаква страшна трагедија, сообраќајна несреќа, убиство, насилна смрт…!

Откако Србија ја шокираше С.К. (29) од Јагодина, кој на смрт ѕверски ја претепа својата сопруга Ж.К. (26), со која претходно се појавија во ТВ емисијата ДНК, повторно станува актуелна приказната за учесниците во реалните шоуа, кои под чудни околнисти завршиле во црната хроника, а такви примери има за жал, се повеќе.Screenshot_80

Да се потсетиме дека со претходното шокантно злосторство е само продолжена низата на трагични случки во кои главни актери се луѓе кои се појавиле во реалните шоу ТВ програми.

Втората сезона на „Големиот брат“ во 2007 година на пример, беше прекината откако во сообраќајна несреќа кај Обреновац загинаа тројца учесници во шоуто: Зорица Лазиќ, Стеван Зечевиќ и Елмир Кудузовиќ.

Манекенот Филип Каписода, кој во 2010 година се појави во ВИП изданието на „Големиот брат“, неколку месеци подоцна ја уби својата девојка, познатата поп пејачка Ксенија Пајчин, а веднаш потоа се самоуби.Ksenija-Pajcin-630x422

Учесникот на првата пилот емисија на „Големиот брат“ во 2006 година, Анатал Скенџиќ, заврши на насловните страници во регионот, откако со нож до смрт ја избоде својата мајка Розалија, по што е осуден на 10 години затвор.

Српската јавност исто така неодамна ја потресе и веста дека српската манекенка Мирјана Пухар, која учествувала во релното шоу „Нов американски топ модел“, е убиена во САД.

После сето ова логично се поставува прашањето има ли некакво проклетство во соголувањето на сопствениот живот пред камерите? Дали е тоа божја казна за продавањето за пари на најдлабоката интима на јавноста? Или се се работи за несреќен склоп на околности на кои им подлегнаа некои од учесниците на реалните шоу програми? Како и да е, времето ќе покаже што е вистината и… Кој  е следниот?

Вистина.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1