Оние кои се родени на одредени празници, точно знаат кој е нивниот ангел-чувар. Вистината е дека ангелите и архангелите се поврзани со хороскопските знаци и планетарните енергии во Соларниот систем. Затоа доколку си го знаете вашиот роденден и точниот час на раѓање може да видите кој е вашиот ангел-чувар.
Ангел на Овните е Баракиел. Тој им помага полесно да се справат со препреките во животот, им дава сила и ги прави оптимисти за животните предизвици.
Ангел на Биковите е Аматиел, кој е покровител на новостите и промените во животот.
Ангел на Близнаците е Бахрам. Тој е ангел на победата и се смета дека доколку се молите на Бахрам, тој ќе ви даде сила за да се справите полесно со тешките животни одлуки.
Со чувствителниот Рак, кој има голема потреба од блискост, управува Дина, која го поттикнува кон нови сознанија.
Ангелот на Лавовите е Аквариел, кој на родените во овој знак им дарува бистар ум и мудрост.
Девицата ја пази Кадмиел, ангелот на судбината, кој секогаш е спремен да помогне.
Вагата ја чува Баричел, кој им дава внатрешна сила, која им е потребна за да им помагаат на другите.
Скорпијата ја чува Габриел. Тој е најсилен од сите ангели. Тој и помага во најзначајните моменти во животот и создава поволни услови за големи постигнувања.
Сариел ги чува и духовно ги храни Стрелците.
Јарецот го чува Камбиел, кој го поттикнува за сите нови и авантуристички потфати.
Катател е ангел-чувар на Водолијата. Тој и помага длабоко да продре во суштината на нештата.
Со Рибите управува Егалмиел. Тој им помага да се чувствуваат посамоуверени и да постигнуваат поголеми лични успеси.