Кој ги врти граѓаните што мрзнат – БЕГ изјави дека нема намера да пушти парно пред 15 октомври


Парно ќе има на 15 октомври кога ќе започне грејната сезона, одговорија од Балкан енерџи груп(БЕГ) на барањето на Регулаторната комисија за енергетика

parnoВаквиот одговор од Балкан Енерџи Груп следи по писмената опомена на регулаторите до компанијата, кои ја предупредија компанијата дека ќе има казни ако не го почитува правилникот, пренесува сајтот  Фактор
Регулаторите не ги коментираат претходните предупредувања до БЕГ за порано да ја почнат грејната сезона.

Освен  регулаторите, и од Градот Скопје повикаа парното да биде пуштено, исто како и од министерството за образование од каде побараа парното на факултетите да биде пушено и покрај долгот.

Претходно грејната сезона почна за жителите од Скопје Север и Автокоманда, каде со греењето стопанисуваат ЕЛЕМ енергетика и Скопје-Север.

Според Правилникот за снабдување со топлинска енергија на Регулаторната комисија за енергетика, парното треба да биде пуштено од 6 до 21 часот во текот на денот и да обезбеди температура на воздухот во внатрешните простории од 20+1 степени целзиусови. Ако надвор температурите се ниски, грејната сезона почнува пред 15 октомври.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1