Кој, како и дали го слави Свети Валентин?


Како народите од различните краеви на планетата го слават Свети Валентин? Дали слават само парови или некаде се вклучува и целото семејство? Одделуваат ли луѓето од својот буџет за подароци? Се слави ли воопшто?

1_valentinovo nimrodФранцузите го слават Свети Валентин на традиционален начин. Со излегување на вечера и со пиење шампањ. Велат тоа е народ кој знае секој ден да го прослави во знакот на љубовта. Едноставно – со пијалокот со меурчиња и со романтично шепнување на увце: „Je t’aime“. Па не за џабе францускиот јазик се нарекува „јазик на љубовта“.

Слично е и со Германците и Американците. Нормално љубовта и цвеќињата одат рака под рака, па така не заостанува ни подарувањето на црвена ружа. Е сега дали ќе има и некој друг подарок, зависи на кој колку му е раскошен џебот.

Во Бразил, пак, не го слават 14 февруари. Го слават 12 јуни, и денот го нарекуваат Денот на девојката или Денот на момчето, во зависнот кој за што се определил.

Шпанците овој ден го прославуваат според европските стандарди – подароци и вечера. За нив велат дека овој ден во најголема мера го користат за прошетки. Интересен е податокот во оваа пиринејска земја уличните продавачи имаат најголем профит од денот на вљубените. Се зборува дека тој ден тие заработуваат толку колку што би заработиле за цела година.

ValentineÕs Lindor Love Heart Box, Û6.99. unnamed file 7338318Во Велика Британија вљубените двојки, па и оние кои не се во двојки, се собираат заедно и во име на љубовта слават, подарувајќи си бонбони и цвеќиња. Нивната традиција за овој ден е уникатна – ги вклучува и децата. Најмладите пеат песни за да добијат бонбони и овошје. Осамените жени, пак, веруваат дека првиот маж што ќе го видат на Свети Валетин е нивниот иден сопруг. Кој знае, надежда последна умира, нели?

Женската популација во Јапонија, прославата на 14 февруари ја сместуваат на листата на најкарактеристични прослави. Овде раскошните подароци се исклучени. Единствениот подарок е чоколадо. Го подаруваат на членовите на нивната фамилија и на пријателите. Карактеристично е чоколадото наречено „гири-чоко“. Него, јапонките му го подаруваат на својот шеф. Не за да му изразат љубов, туку за да покажат почит. Ама ниту жените не се желни за вакви вниманија. Јапонците, еден месец покасно на 14 март им ја возвраќаат услугата.

Денот на вљубените некои го прославуваат традиционално, други уникатно. А оние што не се пронаоѓаат во категоријата „вљубени и изгубени“ нормално нема да заостанат. Тука е виното од менито на Свети Трифун.

Кукурику.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1