Кој нема да ја продаде ќерката останува без глава – Авганистан (Видео)


Нарко-босови му ја одсекле главата на еден авганистански фармер, затоа што не сакал да ја продаде својата ќерка како бело робје. Бандите во Авганистан ги користат синовите и ќерките на фармерите, како залог за неисплатените долгови, а оние кои одбиваат ги чека смртна казна

Американската телевизиска мрежа „PBS“ снимила документарец за тажната судбина на авганистанскиот фармер, кој позајмувал пари од нив, за да започне со одгледување на опиум, од кои се прави хероин. Но, поради тоа што повеќето од посевите биле уништени од страна на НАТО војниците, земјоделците страдаат од ужасни и смртоносни последици.

obezglavuvanje - secenje glavaНарко босовите, поради пропаднатите посеви, ги земаат децата, а девојчињата од 10 години ги праќаат во Иран или Пакистан, да се занимаваат со протистуција или пренесување на дрога, со цел да го вратат долгот од нивните родители.
Творците на филмот „Опиумска невеста“, дошле до снимките на кои се гледа како на човекот полека му ја сечат главата и тоа само затоа што одбил да ја предаде ќерката на нарко-босовите.

Во филмот е објавено и интервју со шестгодишното девојче кое е соочена со ситуацијата да мора да биде предадена на мафијата, во замена за нејзиниот татко, кој нарко-босовите го киднапирале затоа што не можел да го возврати долгот. Мајката на девојчето е принудено на невозможна одлука, дали да го жртвува мажот, кој е одговорен за издржување на семејството, или ќерката.
Во Авганистан постојат илјадници вакви примери, а творците на документарниот филм истакнале дека, откако НАТО во 2014 година ќе си замине, работите ќе се влошат.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1