Неверојатно: Овој 101 годишен Индиец ќе го трча својот последен маратон (Фото/Видео)


maratonec2

Фаудџа Синг изјави дека ќе се пензионира откако ќе го истрча и последниот маратон кој ќе се одржи следниот месец во Хонг Конг.

Синг во април ќе наполни 102 години. Индииецот кој живее во Велика Британија објавил дека се чуствува како „годините да го стигнуваат“ и дека ќе замине во пензија пред 1 април кога ќе го прослави 102 роденден.

 „Се разбира вежбам и се држам до правилната исхрана. Наместо големи количини на храна, конзумирам големи количини на среќа.

maratonec

Луѓето денес обично одат на фитнес, но јас верувам дека оние кои редовно вежбаат на начин на кој што на нив им одговара, се емоционално и физички појаки. Тешко можете да се разболите доколку вежбате секојдневно“, вели 101 годишниот Синг.
Овој витален старец кој влезе во Гинесовата книга на рекорди, како најстар маратонец минатата година, веќе најави дека ќе поднесе оставка по Лондонскиот маратон, но сепак, пресудило „тркачкото срце“, па и оваа година ќе учествува на маратонот во Хонг Конг.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1