Кој нема да си го купи дворот, ќе плаќа кирија 20 години


Граѓаните и фирмите добиваат уште една шанса да си ги откупат дворовите и земјиштето под објектите за едно евро за квадратен метар. Со законски измени кои се во собраниска процедура рокот за евтина приватизација на државното градежно земјиште, кој истече на крајот на минатиот месец, се продолжува за девет месеци по влегувањето во сила на новите законски решенија.

stedi za stanСпоред предложените измени и дополнувања на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, тие кои ќе го испуштат и продолжениот рок, ќе станат кираџии на сопствените дворови и ќе плаќаат закупнина.

Оние пак, кои воопшто немаат намера да го купат земјиштето, договорите за закуп ќе можат да ги склучат и пред истекот на деветмесечниот период. За разлика од сегашната верзија на законот според која постои можност за долгорочен закуп за период од 10 до 99 години, со новите решенија земјиштето ќе се изнајмува на само 10 години со можност да се продолжи за уште толку. Закупнината дополнително ќе се одредени, а се дава можност освен во денари, да се плаќа и со државни обврзници за старото девизно штедење и за денационализација. Доколку пак доброволно не се плаќа, ќе ја наплати извршител.

Одлуката да се стане кираџија наместо сопственик на дворот носи ризик да се остане без него. Во предложените измени на Законот е наведено дека закупот, освен поради приватизација на земјиштето, може да престане и поради реализација на јавен интерес утврден со закон. Сепак, законодавецот дава и можност градежното земјиште на кое е воспоставен закуп, да се приватизира во секое време кога ќе побара закупецот.

Корисниците на државно градежно земјиште кои ќе решат да си го купат, со новите законски решенија добиваат поволност плус, а тоа е да станат сопственици и на земјиштето под објектот и тогаш кога за него нема донесено детален урбанистички план. Не може да се приватизира само земјиштето кое го користи фирма во стечај. Во меѓувреме, запираат сите постапки за приватизација на земјиштето на стечајни фирми почнати пред донесувањето на изменетиот закон.
Рокот за приватизација на државното градежно земјиште е продолжуван два пати, а пред пролонгирањето во декември 2012 година оформени се над 1.970 предмети за откуп.

Vecer

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1