Маја пронајдена боса, а на стапалата нема траги дека долго пешачела


Kаде се чизмите со кои моето дете замина од дома? Маја беше најдена боса. Невозможно е диво животно да ги откопча и да ги извади чизмите од нозете. Зошто на телото нема ниту една гребаница и нема плускавци или рани на нозете ако пешачела до таму? Знам дека нема да го вратам моето дете, но барам да го расчистат случајот до крај! Со овие зборови во селото Лешани н` дочека Ристо Блажески, таткото на Маја (14) која беше пронајдена мртва откако 50 дена се водеше како исчезната, пишува Дневник.

02012014142823_maja blazeskaСемејството на Маја Блажевска завчера заедно со полицијата го посети местото каде што девојчето на 1 јануари беше пронајдено мртво. Местото каде што било пронајдено телото на Маја е речиси на врвот на планината Илинска Бигла, на десетина километри по непристапен терен од соседното село Велмеј.

Семејството побарало од полицијата дозвола да заминат таму за да го пребараат теренот во обид да најдат некакви траги што би го расчистиле случајот.

Нивната потрага почна околу 9 часот кога семејството на Маја заедно со два полициски џипа преку Велмеј заминаа кон врвот на Илинска Планина. Поголема група жители на Лешани го пребаруваа теренот пеш преку месноста Бучишта, накај Шак извори па до месноста Насер бачило каде што е најдено телото.

– Го најдовме атласот на Маја. Беше на околу 50 до 100 метри од местото каде што било телото. Во близина пронајдовме и женско палто. За нас тоа е чудно бидејќи палтото се совпаѓаше со шалот кој Маја го носеше кога се врати дома откако првпат избега. Палтото и шалот ние не сме ~ ги купиле, а ниту таа имала пари да го купи. На местото се уште имаше остатоци од косата на Маја – вели таткото Ристо.

Тој се прашува како е можно дента кога телото било најдено, полиција да не го пронашла атласот и додава дека чизмите с` уште не се најдени. Објаснува дека кога бил повикан да ја идентификува била боса и немала ниту една гребаница или траги на нозете кои би укажувале дека пешачела по непристапен терен. Истото ни го потврдија и извори од истрагата кои ни кажаа дека на стапалата и телото немало рани или гребаници.

Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1