Државната дума денеска изгласа Закон за задолжително положување заклетва при добивање на руско државјанство.
Со Законот е предвидено и да им се одзема државјанството на лица осудени за тероризам и екстремизам, јави ТАСС.
Согласно Законот, лицата лично ќе положуваат заклетва дека ќе го почитуваат Уставот и законите на Руската Федерација.
Со новиот Закон се надминуваат и пречките за добивање на руско државјанство на Украинци, кои се откажале од украинското државјанство.