Противпожарниот авион „Антонов“ фрла „водени бомби“ над Тиват


Активните пожари во Црна Гора се ставени под контрола.

На аеродромот во Тиват синоќа пристигна украински противпожарен авион „АН 32Р“ со капацитет од 8.000 литри вода и утрово се вклучи во акцијата за гаснење пожари.

Авионот со екипаж од девет лица и неопходниот персонал полета кон Црна Гора преку механизмот на НАТО за граѓанска помош.

Од авионот се фрлени „водени бомби“ на височина од 40 до 50 метри со брзина од 240 до 260 километри на час.

Се очекува денеска да пристигне уште еден украински авион со капацитет од 8.000 литри вода, а утре треба да пристигнат и еден швајцарски хеликоптер „Супер пума“ со капацитет од 2.000 вода и противпожарен авион од Израел со капацитет од 3.000 литри вода.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1