Кој сака руско државјанство ќе полага заклетва за лојалност кон Русија


Државната дума денеска изгласа Закон за задолжително положување заклетва при добивање на руско државјанство.

Со Законот е предвидено и да им се одзема државјанството на лица осудени за тероризам и екстремизам, јави ТАСС.

Согласно Законот, лицата лично ќе положуваат заклетва дека ќе го почитуваат Уставот и законите на Руската Федерација.

Со новиот Закон се надминуваат и пречките за добивање на руско државјанство на Украинци, кои се откажале од украинското државјанство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1