Малезискиот авион кој беше соборен превезувал 295 патници. Нивните приказни и фотографии денеска се шират низ социјалните мрежи.
Глен Томас, само што го прослави роденденот, а се нашол во трагичната несреќа. Бил координатор во односите за јавност во ООН и бивш новинар на ББС. Томас требало да стигне во Мелбурн, но никогаш не стигнал… Немал ни деца ни жена, но зад себе остави сестра близначка.
Човек од Перт Ник Норис, патувал со внуците Мум, Иви и Отис, 12, 10 и 8 години.
Сите загинаа. Родителите на децата не биле во авионот, останале уште малку во Амстердам, а децата брзале да стигнат дома поради школото.
Nick Norris, 68; Mo, 12; Evie, 10; and Otis Maslin, 8
Тројцата австралиски браќа и сестри – Мо (12), Иви (10) и Отис Маслин (8) – беа во авионот со нивниот дедо Ник Норис (68) објавија во австралиските медиуми. Родителите на децатаРин Норис и Ентони Маслин останале да го продолжат својот одмор во Европа додека децата морале да се вратат на училиште, се вели во извештаите. Децата биле убави, паметни и нежни, според соопштението.
Роџер Гард, патолог во пензија, настрада со жената Џил.
Брачниот пар Френки и Лиам Дејвидсон исто така загинаа.
Елаин Теох, студентка во Мелбурн. Ник Норис Алберт Ризик, агент за недвижности. Мери Ризик
Најмалку сто луѓе во летот биле на пат за да одат на конференција за искоренување на сидата.
Joep Lange, 59 (СИДА Истражувач- Холандија)
Д-р Ланге, познат СИДА истражувач од Холандија, патувал во авионот Малезија ерлајнс со својата партнерка Жаклин ван Тонгрен, на Меѓународната Конференција за СИДА во Мелбурн, Австралија.
Д-р Ланге работел во областа на заразни болести уште од раните години на епидемијата СИДА и се фокусирал и напорно работел да ги направи третмани поевтини во сиромашните земји во Азија и Африка. „Joep е лице кое не знаеше за бариери“, вели д-р М.М Леви во соопштението во име на Амстердам Институтот за глобалното здравје и развој, каде што д-р Ланге работел.
Jacqueline van Tongeren, 64 (Директор за комуникации – Холандија)
Интересот на г-ѓа Ван Тонгерен за ХИВ вирусот започнал во 1980 година, кога била медицинска сестра на пациенти заболени од тој вирус.
Пред тоа таа била директор за комуникации на Амстердам Институтот за глобалното здравје и развој и член на одборот на „Art AIDS“, која ги повикувала уметниците да произведуваат дело занимавајќи се со СИДА.
Нејзиниот интерес во уметноста датира од 1970-тите години, кога таа имала галерија во Амстердам. Г-ѓа Ван Тонгерен летала на летот 17 со нејзиниот партнер, д-р Ланге, истакнат СИДА истражувач.
Karlijn Keijzer, 25 (Студентка-Холандија)
За сите оние кои ја познавале Карлијн на Универзитетот во Индијана г-ѓа Карлијн изгледаше како да напреднува во сè што ќе направи, од нејзината работа како докторант по хемија до нејзиното раководство на веслање во тимот на универзитетот.
„Таа беше дете, млада среќна девојка, преполна со идеи за иднината“ вели Mu-Hyun Baik, докторски советник на Карлијн, стои во соопштението на Њу Тајмс.
Пред да замине на одмор г-ѓа Кеијзер работела на истражувачки проект кој целеше кон помагање на заболените од рак и луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест, изјавил нејзиниот академски советник.
Cor Schilder, 33; Neeltje Tol, 30 (Цвеќари)
Г-дин Шилдер и неговата девојка, г-ѓа Тол, сопственици на цвеќарница во северниот град Волендам, патувале на одмор на Бали, според Канал 4 Вести.
Г-дин Шилдер, аматерски музичар, објавил слика на Фејсбук од истиот тип на авион во сопственост на Малезиски авиокомпании кој исчезнаа во март.
Два месеци пред летот, г-дин Шилдер објавил слики од индонезискиот туристички центар на неговиот Фејсбук профил.
„Ние ќе останеме во вила со приватен базен со ливчиња од роза кои лебдат внатре“ напишал тој во Холандија на 17 мај.
Ние нема да ја напуштиме вилата пред сите овие ливчиња да се исушат.
„Тоа ќе биде неговата прва посета на одморалиштето, се коментарите на неговиот Фејсбук профил.
Pim de Kuijer, 32 (СИДА Активист – Холандија)
Г-дин Куијер, холандски СИДА активист и поранешен дипломат на Европската комисија, патувал на летот со Малезија ерлајнс на Меѓународната Конференција за СИДА во Мелбурн, Австралија, според извештаите во холандски медиуми.
„Пим верува во разбирањето помеѓу земјите, владеењето на правото и еднаквост за сите, и се бореше за неговите вредности преку неговата работа и неговите политички активности“, изјавил Lousewies van der Laan, холандски политичар за кого г-дин Куијер некогаш практицирал.
Стотици луѓе изразија неверување и тага на Фејсбук на постот кој г-дин Куијер го постави од Шипхол аеродромот во Амстердам пред да се качи на летот.
Tessa van der Sande, 27 (Програмерски директор – Холандија)
„Амнести интернешенел“ – Холандија во еден пост на Фејсбук изјави дека еден од неговите вработени, Теса ван дер Санде, била во кобниот авион заедно со членовите на своето семејство.
Организацијата за човекови права рече дека нејзината работа е фокусирана на Африка, а профилот на интернет за г-ѓа Ван дер Санде се наведени раните фази на нејзината кариера во меѓународните односи.
Martine de Schutter (СИДА Активист)
На нејзината страница, Де Шутер себеси се опишува како културен антрополог од областа на родовите и сексуалното здравје, вклучувајќи ги ХИВ и СИДАТА.
„Во текот на мојот живот, се надевам дека ќе придонесам за правење на светот на подобро место за живеење, работа и љубов“, пишува таа.
Таа беше менаџер на програмата на „Премостување на јазот“, кој нуди ХИВ превенција и третман.
Quinn Lucas Schansman, 19 (Студент – САД и Холандија)
Г-дин Шансман е роден во Њујорк, додека неговиот татко работел за холандската влада.
Семејството се преселило назад во Холандија, кога тој имал само неколку години, и живеел до крајот на неговиот живот во Европа, изјавила Катинка Валас – роднина.
Тој имаше двојно и холандско и американско државјанство, како што истакна претседателот Обама кога тој ја објави смртта на г-дин Шансман во петокот.
Дедото на Шансман е роден во Индонезија, и семејството планирало три недели одмор таму, рече г-ѓа Валас.
Родителите на Шансман веќе биле таму, и го чекале него да пристигне.
Тој студирал на бизнис во Амстердам и играл фудбал за Олимпија ’25 клуб во Хилверсум, Холандија, изјавија негови роднини.
Liam Davison, 56 (Новелист)
Г-дин Дејвисон, австралиски романописец и неговата сопруга Френки (54) беа меѓу жртвите на летот 17, пријавил австралискиот весник The Age .
Г-дин Дејвисон со работата остварил профит од голем број на признанија, вклучувајќи ја и наградтаа за фантастика за романот „Soundings” од 1993 година, според неговиот издавач.
Дејвисон имаше две деца Наблус и Сем.