Родителите на бебето се згрозиле кога виделе како 55 годишната дадилка го влече за рацете, го фрла како предмет и го мава по главата кога ќе заплаче.
Беспомошното бебенце било изложено на невидена тортура ако и пречи на бездушната жена со своето плачење!
Родителите на детето забележале дека тоа чудно се однесува и често неутешно плаче кога ќе дојдат дома. Кога побарале објаснување дадилката им рекла дека го размазиле и тоа постојано бара да биде во раце. Одговорот им се видел сомнителен, па поставиле камера во собата. Снимката е ужасна – детето е тепано и влечено од страна на бездушната жена, а родителите кога виделе кому му го остават своето дете не можеле да поверуваат! Ова се случувало во Краснојарск.
Видеото е исклучително вознемирувачко, и силно предупредува – родители, добро пазете кому ги оставате своите деца!
Канал 5