Лаура Вацер ретко ги застапува клиентите кои на смета имаат помалку од 9 милиони долари, наплатува 780 долари по час и ја опишуваат како „холивудско комплетно решение за разводи на брак“. Таа вчера се најде во жижата на јавноста, откако медиумите објавија дека се разведува познатата холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит. Ова е нејзин втор познат случај во последно време, со оглед на тоа дека само пред неколку недели го застапуваше Џони Деп при разводот од Амбер Херд.
Првиот случј на развод со кој се сретнала оваа „кралица на крахирани бракови“, бил нејзиниот сопствен брак, во 1993 годиа. По ова, таа изјавила дека секој треба да се венча, барем еднаш во животот.
Меѓу многубројните славни личности кои ги застапувала оваа мајка на две деца се Мел Гибсон, Хајди Клум, Кристина Агилера, Ештон Качер, Рајан Рејнолдс и Мараја Кери. На поп пејачката Бритни Спирс и помогна да добие старателство над нејзините две деца, а нејзиниот татко, исто така адвокат, ги застапувал Стивен Спилберг и Том Круз.