Агенцијата за спорт и млади финансирала збирка поезија со скандалозна содржина на која директорот Дарко Каевски се потпишал како уредник jaвија домашните медиуми. Во тираж од 5.000 примероци, Агенцијата за млади и спорт ја објавила книга Збирка поезија дел од проектот ,,Млади поети“, започнат во 2014 година.
Откако извесен Демир Незири на Фејсбук синоќа објави делови од збирка поезија од проектот „Млади поети“, чиј издавач е Агенцијата, а како уредник стои токму Дарко Каевски, на социјалните мрежи корисниците реагираа со голем број од коментари. Дека не станува збор за лажна вест сведочи оваа фотографија:
Од фотографијата недвосмислено се гледа кој е издавач и уредник на збирката. На кого ли мисли поетесава кога ги спомнува координаторот, директорот и особено корнишонот? Го знае ли Дарко Каевски одговорот на ова прашање.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска изјави дека чувствува морална и професионална одговорност за објавувањето на поетската збирка „Млади поети“ во која е утврдено дека кај две од 44-те песни постои недолична содржина.
– Како директор чувствувам морална одговорност, но уште повеќе професионална одговорност да се расветли случајот и точно да се детектира вината, рече Каевски на прес-конференција.
Тој нагласи дека соодветно ќе бидат казнети сите оние кои дозволиле да се случи ваква грешка и оти се повлекуваат примероците што се уште не се дитрибуирани.
Песните ги селектирала тричлена комисија, а Каевски, како што рече, веќе разговарал со претседателот на Комисијата, а ќе разговара и со останатите двајца членови.
Проектот чини 150 илјади денари и се спроведува четири години. За направената штета, Каевски најави дека ќе побара од одговорните да ја надоместат.