Којзнае што јадеме: Што има во паштетите во Македонија ќе се знае дури од 2014


Преработките од месо и меленото месо ќе бидат во центарот на вниманието на Агенцијата за храна по Нова година. Оттаму најавуваат силни инспекциски надзори за саламите, колбасите, виршлите и за другите преработки од месо.

pasteta montazaВо контролите што ќе ги прават во Агенцијата за храна и за ветеринарство ќе се проверува и составот на паштетите, односно дали тоа што го пишува на декларацијата навистина е содржано во производот.

Во правилникот за месо и преработки од месо, меѓу другото, јасно е прецизирано што треба да содржи една паштета. Паштетите од живина се произведуваат од варено механички одвоено месо од различни видови живина – кожички, внатрешни органи од живина, маст или масно ткиво од живина, супа, дополнителни состојки и адитиви. Во својот состав може да имаат најмалку 15 отсто мелен црн дроб, месо од живина, месо од пиле или месо од мисирки можат да бидат ставени во промет како паштета од црн дроб, живинска паштета, пилешка паштета и мисиркина паштета. Паштетите од месо од живина и живинските паштети од црн дроб треба да содржат најмалку 8 отсто протеини од месо и дробови, да не содржат повеќе од 35 отсто маст, да имаат хомогена и конзистенција што може да се мачка, да се без поголеми шуплини во содржината, да имаат изедначена боја и да немаат големо количество маст на површината.

Повеќе на – Нова Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1