Горан Станишевски (36) од Kуманово е полицаецот кој завчера вечерта беше убиен со нож од насилник кај кого отшил да интервенира поради семејно насилство во кумановската ромска населба Средорек, информира МВР.
Станишевски, кој бил вработен во СВР Kуманово, завчера вечерта заедно со уште тројца колеги отишле по претходна пријава за семејно насилство во куќата на Енвер Бајрамовски (33), кој со нож го пробол полицаецот во грбот и го убил. Полицајците го уапсиле насилникот, кој бил психички болен, бил агресивен, а само четири дена претходно бил пуштен од Психијатриската болница во Бардовци на барање на неговиот татко
Kога влегле во собата, насилникот замавнал со стаклен предмет кон нив, но никого не повредил. Тогаш полицаецот Станишковски забележал дека има нож во рацете и им рекол на колегите да се повлечат. Додека излегувале полицаецот Станишковски им рекол на колегите дека најверојатно е повреден со нож и оти има крв на грбот.
Таткото на Енвер, вели дека нивниот син боледува од шизофренија повеќе од 20 години. Се однесувал агресивно дома и кршел с` околу себе. Татко му во петокот го однел во болницата во Бардовци, но докторката го вратила бидејќи сметала дека здравствената состојба му е добра, а и немало место во болницата.
Станишковски порано работел во АРМ, па во специјалната единица „Алфа“, а од неодамна во екипата за брза интервенција во СВР Kуманово. Неговите колеги велат дека бил голем човек и врвен професионалец.
Тв Нова.мк
Изјава за случајот дадоа и од Министерството за внатрешни работи.