Ослободена киднапираната тешта на Берни Еклстон без никаков откуп (ВИДЕО)


Апаресида Шунк (67), тештата на првиот човек во Формула 1 Берни Еклстон, која беше киднапирана пред 10 дена од нејзиниот дом во бразилскиот град Сао Паоло, е ослободена без никаков откуп, соопшти денеска локалната полиција.

Како што јави Би-би-си, мајката на Фабијана Флоси, сопругата на Еклстон, беше киднапирана предминатиот петок, а грабнувачите бараа откуп од 36,5 милиони долари.eklston

Еклстон непријатните вести ги добил додека престојувал во Велика Британија. Тој им предложил на властите во Сао Паоло да долета во Бразил, со цел да помогне во истрагата, но бил советуван – тој и неговата сопруга да останат во Обединетото Кралство.

Шунк била држена во заложништво во една фарма во близина на Сао Пасоло. Таа е лоцирана со помош на следење на повиците од грабнувачите.

– Спроведовме голема полициска акција за ослободување на жртвата. Госпоѓа Шунк се наоѓала во скривалиште на периферијата на Сао Паоло. Нашата анти-киднаперска единица реагираше професионално и го ослободи заложникот, а откупот не е платен. Госпоѓата е добро, без здравствени проблеми. Уапсивме двајца киднапери – соопшти Елизабете Сато, шефица на полицијата во Сао Паоло.

Богатството на Берни Еклстон се проценува на 3,1 милијарди долари и со тоа е еден од најмоќните луѓе во светот на спортот. Тој се ожени со Фабијана Флоси во 2012, три години откако ја запозна на бразилското „Гранд При“.

Сумата којашто киднаперите ја бараа од Еклстон е најголема количина пари која некогаш е побарана во Бразил, кадешто секоја година се случуваат повеќе стотици киднапирања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1