Ердоган ја уцени Европа: Ако не ги укинете визите ќе ви пуштиме милион бегалци


Турција ќе престане да ги исполнува обврските што ги презеде со мигрантскиот договор со Европа доколку ЕУ не ги укине визите за Турција до есен, изјави турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавасоглу.erdogan

– Нашиот ангажман за договорот зависи од тоа дали ЕУ ќе го исполни својот дел од тој договор и дали ќе ги укине визите за турските граѓани – изјави Чавасоглу.

Тој додаде дека Турција очекува јасно одреден датум, нагласувајќи дека неговите зборови не се закана.

– Договорот функционира само затоа што Турција презеде сериозни мерки да го запре протокот на мигрантите, особено на подрачјето на борбата против шверцот на луѓе – рече Чавасоглу.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1