Се гледаше дека не му е добро – таткото на актерот починат во парк, разговарал со синот ден пред смртта


Михаил Заверло, актерот кој во петокот изутрина ненадејно починал во парк на Кошутњак, бил разведен една година, а скоро сето време го поминувал со 4 годишната ќеркичка.srpski-akter

Ова го раскажал Милорад Заверло, таткото на Михаил, кој додал дека забележал дека неговиот син не бил добро.

-Минатата година се разведе, а со ќерката беше секој ден, по цел ден. Меѓутоа последните шест дена не ја гледаше, барем, така ми кажа неговата поранешна жена – рекол Милорад.

Таткото на Михаил го видел синот ден пред смртта.

-Го прашав како му е, рече добро е, меѓутоа се гледаше дека не му е добро- објаснил тој.

Причината за смртта се уште не е позната.

Семејството не нашло никаква порака ниту писмо, не знае што се случило. Вели дека немал проблеми освен што во последно време тешко му паднало разделувањето од сопругата. Сепак, ништо не укажувало на тоа дека ќе се случи трагедија.

На телото на актерот нема траги на насилство, но сепак ќе биде извршена обдукција и се очекува таа да ги даде одговорите за смртта на актерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1