Трамп се заглави во лифт, го спасуваа пожарникари


Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп бил спасен од лифт што се заглавил меѓу првиот и вториот кат во хотел во Колорадо Спрингс, јавува локалната противпожарна служба.tramp

Оттаму се наведува дека добиле повик во петокот околу 13.30 часот по локално време да се спасат десетина лица меѓу кои и Трамп, што биле заглавени во хотелот „Мајнинг Ексчејнџ“ во склоп на одмаралиштето „Вајндхам Гранд Хотел енд Спа“, пренесува телевизиската мрежа Си Би Ес. Пожарникарите го отвориле горниот отвор на лифтот и спуштиле скали во кабината, преку кои заглавените лица излегле од лифтот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1