Колинда ја откажа посетата во Србија поради изјава на Вучиќ


Поради изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Хитлер сакаше свет без Евреи и дека Хрватска и нејзината политика сакаат Хрватска без Срби”, хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ нема да ја посети Србија, како што претходно најави, објави хрватски „Јутарњи лист”.

– По последниот потег на Вучиќ, невозможно е дури и да се размислува за подобрување на односите меѓу нашите земји, изјави висок државен претставник за „Јутарњи лист“.

Тој додаде дека следи длабок пад во односите со Србија на неопределен период, што значи дека нема разговор за посета на хрватската претседателка во Србија.

Според соговорникот на Јутарњи лист, „за некое време не е потребно да се очекуваат состаноци на високи владини претставници од Хрватска и од Србија”.

„Иако се лути поради споредба со нацистичкиот режим во локалните политички кругови, се смета дека претседателот на Србија постигнал толку многу радикален автогол”, пишува Јутарњи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1