Колку болка можете да нанесете некому кога си давате за право да коментирате


Никој не може да знае што се крие во длабочината на некој човек. Секој има своја приказна, проблеми, стравови, радости… Тешко ја сфаќаме тежината на овој факт. Некогаш мора добро да размислиме дали вреди да се постави некое прашање, дали со тоа може да повредиме некого и дали можеби тоа што нас нè интересира, има некаква тажна позадина?

Меѓуградски автобус кој се враќа од град накај некое од местата во внатрешноста. Во автобусот покрај својата мајка седи 25-годишно момче и возбудено гледа низ прозорецот.

– Мамо, гледај, надвор дрвјата се движат наназад!

Мајката им се насмевнува на останатите патници кои гледаат накај момчето, едните со презир, другите со сожалување.

– Мамо, види, облаците се движат заедно со нас! – возбудено извикнува момчето.

– Така е, сине – мајката му потврдува, и понатаму насмевнувајќи им се на останатите патници.

Не можејќи да се воздржи, едниот од патниците ѝ се обраќа на мајката:

– Зошто не го однесете момчево кај некој добар доктор, сигурно има начин да му се помогне?

Мајката низ насмевка му вели:

– Го однесов кај најдобриот и многу му помогна.

Патникот гледа со чудење накај мајката, не разбирајќи го одговорот.

Таа на тоа му вели:

– Се враќаме од болница, од операција. Син ми беше слеп од раѓање. Денес прв пат го гледа светот околу себе.

Извор – Точка.ком.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1