Колку често ги перете пижамите?


Иако главно чисти ги облекуваме пижамите и мислиме дека нема потреба да ги переме често, научниците велат дека и не сме баш во право.

Ако предолго чекате да ја исперете облеката за спиење, можете да ризикувате да дојде до појава на инфекција на кожата, создавање на цисти или бактерии од кои не можеме лесно да се откачиме.pizami

Истражувањата покажуваат дека мажите ги перат или ги менуваат пижамите на 14 денови, а жените на 17.

Професорката од една медицинска школа од Лондон, Сали Блумфајлд, изјавила дека пижамите се непријатели на нашата кожа.

На нашата кожа во секој момент постојат голем број на микроорганизми. Некои од нив имат „добра“ функција, односно не се штетни по нашето здравје, но поголемиот дел од нив имаат спротивно влијание и може да предизвикаат сериозни проблеми доколку навлезат во интимните подрачја или уринарниот тракт, изјавила таа.

Повеќе од половина од испитаниците рекле дека немаат потреба за често перење на пижамите затоа што се носат само неколку часа во текот на денот.

Поголемиот дел од мажите ги обвинуваат своите сопруги, дури 73 отсто од нив, за ретко перење на алиштата за спиење, па тие го носат само тоа што го имаат.

Научниците велат дека бактериите преминуваат од една на друга личност, па освен што можете да го загрозите своето здравје со нередовно перење на пижамите, можете да го загрозите и здравјето на вашиот партнер или дете, доколку спиете во ист кревет.

– Пижамата треба да се пере минимум еднаш неделно. Ако предолго чекате, ќе се насоберат премногу бактерии, па и кога ќе ја исперете, нема да биде потполно чиста, рекла професорката Сали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1