Станете среќни, станете богати – врската меѓу депресијата и сиромаштијата


Имајќи го предвид голем повраток од третирањето на менталните заболувања, тоа повеќе не е само хуманитарно прашање, туку и клучен фактор при поттикнувањето на економскиот развој на земјите во развој.

Сиромашните на светот, без оглед на тоа дали живеат во опасни урбани периферии или длабоко во внатрешноста, честопати имаат насушна потреба од храна, чиста вода и основни лекови. Оттаму, се чини малку изместено да се тврди дека менталното здравје треба да биде примарна, а не второстепена грижа на земјите во развој.stress-unhappy-face-400x400

Но, во реалноста менталното здравје не е проблем само на Првиот свет – пореметувањата како што е депресијата се присутни и во земјите во развој. Депресијата, секако, нанесува огромна психолошка болка, но исто така и економска, затоа што ја намалува способноста на поединците за секојдневно функционирање. Според тоа, лекувањето на депресијата во земјите во развој докажа дека ја поттикнува економската продуктивност, особено меѓу оние најобесправените. Една студија во Уганда, на пример, откри дека меѓучовечката групна терапија за жени во депресија ја подобрила ниовната способност да се ангажираат економски, додека, пак, едно такво лекување во Индија драстично го зголемило бројот на придуктивни работни денови кај пациентите.

Депресијата, која Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ја нарекува „водечка причина за онеспособеност ширум светот“, има зафатено 350 милиони луѓе, но најтешко ги погодува најсиромашните. Една мета-анализа составена од 56 епидемиолошки студија на истражувачи од Католичкиот универзитет од Лувен, Белгија, откри дека оние кои и припаѓаат на најниската социоекономска група во рамките на кое и да е население, имаат неколку пати поголеми шанси да страдаат од тешка депресија, отколку оние кои ѝ припаѓаат на највисоката група. Згора на тоа, во земјите во развој, депресиите и менталните заболувања се влошени од бескрајните конфликти, екстремната сиромаштија и од безброј други неволји.luck srekjno

За жал, огромното мнозинство на ментално болните не добива никаква нега – во земјите во развој преку 80 отсто се оставени без третман. Што се однесува до третманот, постојат два главни проблема: прво, менталните заболувања во различни култури различно се манифестираат, што значи дека лекувањето бара различен пристап; втор проблем е екстремниот недостиг од професионалци по ментално здравје во земјите во развој. Земјите со високи приходи имаат 10,5 психијатри на 100.000 луѓе; просекот меѓу земјите со низок приход е 0,06.

Добрата вест е во тоа што последниве години, истражувачите во полето на менталното здравје ширум светот почнаа да осмислуваат пакети дизајнирани да се справат со овие два проблема при обезбедувањето на третман во земјите во развој, со тоа што нудат помагала кои се културолошки погодни и можат да се применат во области со мали ресурси.

Како што докторите создаваат индивидуален план за третман за секој од нивните пациенти, истражувачите на менталното здравје сега ги прилагодуваат алатките за испитување и терапиите базирани на докази кон специфичниот културолошки контекст и социоекономските фактори на ризик. На пример, пациентите во сиромашните земји се разликуваат од пациентите на западот по тоа што многу ретко ги покажуваат емотивните симптоми, туку повеќе соматските (како што е заморот и главоболките)и честопати симптомите им ги припишуваат на надприродни сили, како и на општествените и на економските стресови. Ваквите културолошки концепти помогнаа да се создадат прашалници прилагодени кон одредени средини.losa srekja

Покрај културните разлики, програмите за третман на менталното здравје мора да ги земат предвид и локалните фактори на ризик. На пример, децениите на темелно истражување во некои земји во развој покажале дека пациентите кои се соочени со финансиска несигурност и постојана глад не само што се многу поподложни на депресија, туку најверојатно таа кај нив ќе биде многу попостојана. Еден од овие тимови ја разви програмата „Френдшип бенч“ (Friendship Bench), која преку пристапот „активност за вклучување на преживувањето“ (behavioral activation activity) им помага на социјално отфрлени жени (заболени од СИДА, на пример) во сиромашните земји да учествуваат во проекти кои генерираат приходи, како изработка на чанти. Оваа терапевтска компонента има двојна корист: го намалува финансискиот стрес кој го попречува заздравувањетои обезбедува активност која ги засилува когнитивните елементи на заздравувањето. Оваа програма е само еден пример за новиот, ригорозен, промислен и мултидисциплинарен пристап кон третманот на менталните пореметувања во земјите во развој, пристап кој е дизајниран од страна на професионалци по ментално здравје и со помош на практичарите во јавното здравство, на антрополози и на други општествени научници.

Што се однесува до пристапот до нега во регионите сиромашни со ресурси, предизвикот е во тоа да се најдат доволно практичари кои би ги советувале и би лекувале пациентите. Одговорот на овој предизвик е во употребата на добро обучени лаици. Бројни студии покажуваат дека овој пристап функционира. Во пракса, специјализираните и неспецијализираните здравствени работници ги делат задачите и добиваат дел од третманот во согласност со нивното знаење и вештини; на пример, секој може да биде обучен за базичното советување, но лекови може да препишува само лиценциран професионалец.Happiness-personified-001

Бројни контролни периоди ја докажаа ефикасноста на овој вертикално повеќеслоен пристап во доставата на нега за менталното здравје во земјите во развој. Всушност, споменатата програма „Френдшип бенч“ во основа се применува од страна на обучени здравствени работници, под надзор на психијатри или психолози, а е осмислена врз база на истражувањето МАНАС во Индија. МАНАС е едно од најголемите здравствени истражувања некогаш спроведени во земја со низок приход. Студија опфаќа програма во која лаици беа обучени да се справуваат со случаи и да ги образуваат пациентите за анксиозноста, депресијата и психотерапијата, додека лекарите од општа пракса и специјалистите по ментално здравје се фокусираа на дијагнозите и на препишувањето на лекови, особено кај пациентите со поизразено ментално заболување. Студијата покажа дека интервенцијата е ефективна и во третирањето на депресијата и, позабележително, во зголемувањето на продуктивноста: пациентите кои биле дел од програмата страдале од неспособност за работа четири или пет дена помалку во месецот и исто толку помалку отсуствувале од работа поради болеста. Слична програма во Уганда имала уште поголеми резултати, вклучувајќи зголемен број на самовработувања.

Во моментов, поголемиот дел од земјите во развој и натаму е со трагично мала нега на менталното здравје. Оттаму, следниот чекор би требало да биде изноаѓањето на начини овие услуги да бидат достапни не за илјадници, туку за милиони луѓе.

Без оглед на тоа дали менталните заболувања се третираат преку прситапи базирани на одредени заедници или преку преку поформални системи за здравствена заштита, давањето приоритет на негата на менталното здравје во земјите во развој ветува огромен повраток во форма на подобрување на добробитта на поединците и зголемувањето на социоекономскиот аутпут. Имајќи го предвид овој голем повраток од третирањето на менталните заболувања, тоа повеќе не е само хуманитарно прашање, туку и клучен фактор при поттикнувањето на економскиот развој на ваквите земји

Makfax.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1