Колку чини секс со жиголо?


Жиголо е термин кој се користи за млади мажи кои им наплаќаат на жените за секс. Еден од нив, Маркус, вели дека често тие бараат само малку нежност, внимание и разговор.

„ Колку ќе плати муштериката зависи од нејзините желби и колку долго планира да ме ангажира“, вели Маркус за сајтот Intimate Medicine. Објаснува дека половина час „класичен сек“ чини околу 50 евра.

Што е тоа што тој им нуди, а не можат да го најдат дома? „Нема да верувате, но на жените првенствено им недостига нежност и посветеност при оралниот секс. Најголем дел од нив ме ангажираат за орален секс, но и за разговор“.

Што е со сексот во вистинска смисла на зборот? „И тоа  многу. Како што веќе кажав – желбите се различни“, вели Маркус кој не знае точна бројка на жени со кои до сега имал однос.

„Точна бројка не знам. Понекогаш се случува да имам по три различни муштрики дневно. А понекогаш вистинска суша преку цела недела“.

Маркус вели дека жените кои му се јавуваат се многу различни. “Некои се вистински дами, а некои просечни домаќинки. Но јас се однесувам еднакво со сите нив Некои се постари, а некои помлади. Не постојат правила. Можат да бидат во врска, мажени или слободни. Има се и тоа многу ми се допаѓа.“

А како тој се решил за оваа работа? „Затоа што се заработува многу и затоа што го обожавам сексот. Па зошто тогаш да не добијам нешто за тоа“, одговара искрено.

„Навистина уживам во својата работа. Во спротивно би имал проблеми со ерекцијата. Тоа е разликата помеѓу мене и проститутките, затоа што тие можат да глумат. Секако, поинаку е кога водам љубов приватно. Поинтимно е и поискрено. “

На прашањто поврзано со неговиот приватен живот, Маркус вели дека има „редовна интимна пријателка“, но дека тоа не е врска, затоа што „таа не би го одобрувала ова што тој го работи“.

Дали тој самиот одобрува се? И необичните желби?

„ За добра цена можам да се договорам за речиси се освен екстремности како што се животни и малолетници. Во тоа навистина не би се впуштал. За се останато не постои никаков проблем“.

А дали Маркус, освен на парите мисли и на своето здравје?

„ Секогаш носам кондом“.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1