Британците кои добија милиони на лото – дадоа 30,000 фунти за мало девојче да прооди


Добитниците на најголемата лоратија во Велика Британија, одговориле на молбата на една мајка за помош на донација од 30,000 фунти, кои би биле наменети за трошоците за операција со која би требало да и се овозможи на нејзината тригодишна ќерка да може да прооди.


Крис и Колин Вир, собраа 161 милиони фунти од џекпотот во јули 2011 година и напишале чек од 30,000 фунти за операцијата на тригодишното девојче кое боледува од церебрална парализа.

Родена 13 недели пред време, малара Скај уште од самото нејзино детство била принудена да користи инвалидска количка.

Нејзинот од е нестабилен и не може да помине одредено растојание, без притоа целосно да биде исцрпена. Не може да се движи и да трча како останатите нејзини врсници.

Нејзините најблиски успеале да соберат 12,000 фунти од вкупната сума од 40,000 фунти колку што е потребно за операцијата. Операцијата опфаќа зафат на одредени нервни корени поврзани со рбетниот мозок.

Почетните проценки покажуваат дека скенирањето со х-зраците ќе чини 800 фунти, самата операција би чинела 23,500 фунти, а физотерапијата која се очекува да трае во наредните две години би чинела 15,000 фунти.
Доколку не се изведе операцијата сега, девојчето ќе има потреба од ортопедска хируршка интервенција во периодот кога ќе наполни 10 или 11 години.


„Има уште голем број на медицински пречки кои што ќе треба да ги надминеме, но сега кога ги собравме парите можеме целосно да се концентрираме на помагањето на Скај да го достигне својот целосен потенцијал“, изјавила нејзината мајка Рут.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1