Лудо вљубени: што точно се случува?


Лекарите полека почнаа да ја одгатнуваат мистеријата на љубовта и зошто таа може да направи да се однесуваме ирационално а на моменти и смешно.

Со различни технологии на скенирање невролозите успеале да допрат до бројните процеси кои се случуваат во мозокот кога сте зањубени. Докторите успеале да ги мапираат хемиските промени кои се случуваат во мозокот за да откријат кои делови од мозокот се активираат, и што е уште поважно, кои делови се гасат после првите денови од додворувањето и заљубувањето.

Фронталниот кортекс, кој е витален кога во прашање е носење на некоја одлука, се гаси кога се заљубуваме. Скенирањата покажале дека тој се деактивира кај лицата на кои им биле покажани слики со лицата во кои биле заљубени, а тоа довело до суспендирање на нивните способности за критика и сомнеж.

– Кога ќе погледнете некој во кого сте страсно заљубени, одредени делови од мозокот се активираат, но и голем дел од него во таа прилика се исклучува, делот кој е многу важен за здраво расудување, изјавил Семир Зеки, професор невролог од Лондон.

Зеки верува дека до оваа состојба доаѓа поради повеќе „биолошки причини“ кои пак помагаат да се зголемат шансите за размножување. Доколку се блокира секој вид на критика, поголеми се шансите дека парот ќе се поврзи мегусебно и ќе створи потомство.

Заљубените лица сепак може да носат други важни животни одлуки. Скенирањето покажало дека за време на голема љубов се исклучуваат уште некои делови од мозокот, делови задолжени за негативни емоции и страв.

Претходните истражувања покажале дека нивото на допамин во мозокот исто така се зголемува. Допаминот е клучен за чувството на задоволство и болка и е поврзан со чувството на еуфорија и зависност, а неговото зголемено ниво може да предизвика чувство поврзано со наградувањето, што нам не доведува во состојба поради која не можеме да се откажеме од љубовта.

Споредниот ефект од зголеменото ниво на допамин е намалување на серотонин кој пак е поврзан со расположението и чувството за глад.

Нивото на серотонин може да опадне во иста количина како и кај луѓето со опсесивно-компулсивно пореметување, што може да даде објаснување зошто нас љубовта понекогаш не прави нервозни и загрижени.

Најпознат хормон кога е љубовта во прашање сигурно е адреналинот кој прави срцето да ни отчукува забрзано, да ни се потат дланките и да ни се суши устата кога ќе го видите лицето кое ви се допаѓа.

Истиот хормон се лачи и кога сме уплашени. Ова значи дека две лица кои се привлекуваат може лудо да се заљубат едно во друго доколку заедно се најдат во некоја возбудлива или страшна ситуација.

Психолозите и понатаму се обидуваат да објаснат зошто одделни лица постануваат опасно опседнати и подготвени се да ризикуваат се за љубов.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1