Македонски брачен пар уапсен за шверц на сканк во Црна Гора


Црногорската полиција синоќа на граничниот премин Сукобин – Муричани (Црна Гора – Албанија) заплени 15,5 килограми дрогата сканк сокриени во автомобил „опел“ со македонски регистарски таблички, што го управувал македонскиот државјанин С.В. (33) кој патувал со неговата сопруга П.В. (30).

Дрогата била сокриена во тапацирот од покривот на патничкото возило, јави Миа.

Брачниот пар, кој патувал од Албанија кон Црна Гора, е приведен во полициската станица во Улцињ и со соодветна пријава ќе биде предаден на Државното обвинителство во во Подгорица, Подгорица, соопшти црногорската полиција

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1