Колку негативна енергија носите во себе – и како да ја отстраните


Има луѓе кои постојано привлекуваат погрешни луѓе, ситуации или чувства и сето тоа го правдаат со објаснување дека таков е животот, судбината или сплет на околности. Себеси често се нарекуваат „сурово реални“ затоа што за нив животот е токму таков. Но, од кога тоа значи дека да се биде реален значи работите да се движат во погрешна насока и дека тоа треба да го прифатите како вистина? Вистина е дека ако очекувате нешто лошо да ви се случи, тогаш навистина нешто лошо ќе ви се случи, па дури и ако има изгледи дека ситуацијата треба да биде во ваша корист.

За таквата негативна енергија, многумина не се свесни. Тоа се крие и делува како вродена и никогаш не се доведува во прашање. Обидете се да одговорите на следниве прашања за да го процените нивото на негативна енергија што го носите во себе:

negativna-energija-glavna-Дали се жалите? Често или повремено?

-Дали често се расправате за тоа што се е лошо во светот и тоа почесто отколку за она што е добро во светот на пример за лошите временски услови, лоши услови за живеење , страшниот сообраќај, глупави закони …?

-Дали критикувате? Кого ќе најдете или само поединци?

-Дали ве привлекуваат драми и катастрофи ( не можете да се одвоите од телевизорот кога се емитуваат вестите за несреќи или распад на семејствата на некои од познатите личности ?)

-Дали обвинувате? Постојано или само во одредени ситуации?

-Дали верувате дека немате контрола над многу ситуации вашиот живот? -Дали се чувствувате како жртва?Дали зборувате како други ви се виновни за нешто?

-Дали сте благодарни за живот што до сега го живеете или ќе бидете благодарни кога се според вас ќе дојде на своето место?

-Дали чувствувате дека ви се случуваат некои работи или мислите дека и вие сте учесник во настаните?

Последните две прашања се многу важни.

Ако сте благодарни само кога нешто добро ви се случува според вашата проценка значи дека сте негативни, но секако чувството на благодарност за нешто значи дека имате нишка позитивна енергија. Ако мислите дека работите само вам ви се случуваат значи дека самите си лепите етикета на жртва. Поточно , за сето она лошо што ви се случува виновно е „небото”, суровиот живот“, „нешто друго“, а кога ќе се случи нешто добро, тогаш заслужни сте вие, вашата работа, трудот, посветеноста. Зарем не е чудно што за надоврешните околности обвинувате други, а за се друго вие си ги припишувате заслугите.

Ако одговоривте со да на било кое од наведените прашања, во себе имате негативна енергија што има тенденција да расте. Сепак, постојат начини на кои можете да се „исчистите” и добрата вест е дека тоа секогаш е можно.

Прво што треба без резерва да прифатите за да се исчистите од негативната енергија е да сфатите дека се додека мислите дека за се што ви се случува виновен е некој трет, многу ќе страдате. Кога ќе сфатите дека сè излегува од вас ќе ги спознаете радоста и мирот”.( Далај Лама ) Секако, мора да го промените и ставот. Обидете се светот и настани да ги гледате од гледна точка „што се може да биде добро“, наместо „ што се лошо ќе се случи“.

За оваа промена е потребно време и посветеност, но за кратко време ќе дојдете до изненадувачки резултати. Секогаш кога ќе се најдете во ситуација како си велите или мислите на негативни работи, сменете ја мислата! За сето ова да биде успешно мора да ги пребродите сите лоши работи во минатото и да ги оставите зад себе.

Морате да вежбате, да замислувате ситуации со позитивен резултат. Само така ќе се убедите себеси дека сами си го креирате секој ден и секоја ситуација. Изберете позитивна енергија и таа ќе ги привлече слични настани на себе. Ќе се изненадите колку брзо во вашиот живот ќе се вселат добри луѓе, добри можности и околности. Сличностите се привлекуваат, нели?

Tags:

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1